Почина градежен работник по пад од објект во Гази Баба на кој работел


Фото: Б. Грданоски

Вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово, се наведува во полицискиот билтен.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.