Скопјанка од капар за кирија за непостоечки станови заработила над 45.000 денари


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама”. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и […]

Судски полицаец и доставувач зеле мито за да „средат“ пресуда


Судски службеници, едниот судски полицаец од скопскиот кривичен суд, другиот доставувач, завршија во притвор за земање на мито за посредување пред Апелациониот суд и пред Врховниот суд, соопшти Кривичниот суд. Тие всушност требало да „средат“ пресуда  којашто била изречена пред скопскиот Кривичен суд во траење од една година за неовластено производство на оружје. Посредувањето требало […]

Загина еден од затрупаните работници на градилиштето во Кисела Вода, тројца се тешко повредени


  Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, […]

Трагедија во Кисела Вода: Градежници затрупани во ископ за нова зграда


Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се […]

Македонец уапсен во Србија, лажно се претставувал како хирург


  Полицијата уапси четириесет и двегодишен државјанин на Македонија под сомнение дека лажно се претставил како хирург и, заедно со неколку други непознати лица, ја довел жртвата во заблуда дека итно ќе оперира член на семејството за пари, соопшти денес српското Министерството за внатрешни работи. Полицијата го уапси веднаш по предавањето на парите и кај […]

Силувал 18-годишна бремена поранешна партнерка


Осумнаесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била жртва на силување, а случајот се истражува. Според информациите од МВР, на 23 април околу 00:15 часот во СВР Скопје, девојката пријавила дека претходниот ден на подрачјето на Шуто Оризари, нејзиниот поранешен вонбрачен партнер извршил обљуба врз неа. Според пријавата, таа била во поодмината бременост. Надлежните институции преземаат […]

Велосипедист прегазен утрово на крстосница на „Партизанска“


Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа што утринава се случи на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во близина на поликлиниката „Букурешт“. Велосипедистот, кој се движел по пешачки премин, бил удрен од автомобил. Неофицијално, со возило на Брза помош бил пренесен на лекување.  На местото веќе е излезена екипа на Министерството за внатрешни […]

Артан Груби останува во куќен притвор


Поранешниот вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор со 24-часовно полициско обезбедување, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерката. Од Обвинителството за „Фокус“ информирале дека побарале продолжување на истата мерка за обезбедување на осомничениот, а судот ја прифатил нивната иницијатива. Со тоа, Груби и натаму ќе остане во […]

Притвор за скопјанецот фатен со кокаин во Ѓорче


Притвор за скопјанец кај кого полицијата пронашла кокаин.  – Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и […]

Му фрлиле балонче со вода на мотоциклист – ги стигнал, ги натепал, па сега таткото на детето пријавува во полиција


Вчера, во 21:00 часот во СВР Скопје, М.З.(57) од Скопје пријави дека околу 15:15 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Според пријавителот, неговиот син заедно со неколку другари наполниле балонче со вода и фрлиле кон лицето, кое управувало мотоцикл и го погодиле во задното тркало, по што лицето […]

Си краделе струја на Попова Шапка – треба да платат над 22.000 евра


Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. „Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар. Директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за […]

МВР со детали за сообраќајката на пешачки кај „Зебра“: Повредено 22-годишно лице


МВР соопшти детали за сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на улицата Васил Ѓоргов кај ТЦ „Зебра“, кога беше удрен пешак. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата учествувале патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (54) од Скопје и пешак Л.С.(22) од селото Кондово. Пешакот со возило […]

Со 3,16 промили алкохол правел неред пред зграда во Тетово


Пијан маж агресивно се однесувал пред зграда во Тетово, по што бил приведен од полицијата, информираа од МВР. Станува збор за Р.Ѓ. (56) од Тетово, кој на 20 април околу 14 часот бил затекнат пред станбена зграда во населбата „Блок 70“, каде го нарушувал јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон станарите. По […]

Маж ја нападнал партнерката и кучето во Центар, се заканувал и на синот


Семеен инцидент во скопски Центар. Во полиција е пријавен напад од страна на маж кон партнерката и нејзиното куче.  – На 19.04.2026 во 22 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани […]

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие


 Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатото деноноќие три лица се лишени од слобода, а со четири е извршен службен разговор за семејно насилство.  На 17.04.2026 во 06:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ж.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот пред станбена зграда […]

Во судирот на пет возила во Ѓорче Петров повредени 10 млади лица


Ужасна сообраќајна несреќа, во која учествуваат повеќе возила, се случи доцна синоќа во скопската населба Ѓорче Петров. Се судрија повеќе автомобили. На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека е предизвикана сериозна материјална штета. Сведоци тврдат дека силата на ударот била толку силна што звучела како експлозија.   Тешко повреден е 19-годишниот возач […]

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (видео)


Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата. Професионалниот војник  при […]

Тројца пешаци во Скопје, Штип и во Битола настрадале во сообраќајки


Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола. Утрото, во 7:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус Mercedes со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р. (56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди […]

Изгореа пет автомобили на паркингот под Кале


Денеска на улицата „Лазар Личеноски“, во близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа зафатени и целосно опожарени пет паркирани возила. Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила и ги зафатила автомобилите кои биле паркирани на локацијата, при што тие целосно изгореле. Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш интервенирале и работат […]

Eксградоначалникот на Сарај, Беџети, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра


Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, и овластено службено лице од Град Скопје за Злоупотреба на службената положба и овластување. Денеска полицијата поднесе кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје и Б.Б. (49) од Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. З.Д. во […]