Девојче почина по пад од лулашка во парк во Гостивар
Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот.
Од СВР Тетово информираат дека на 9 јули во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14).
Според пријавените информации, малолетничката претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар. И покрај напорите на лекарите, во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.
За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.