Пехчево: Му ја зеле картичката на дедото и му потрошиле 156.000 денари


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му  нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.