Четворица малолетници настрадале во различни сообраќајки и тепачка


Фото: Б. Грданоски

Четворица малолетници, вчера, настрадале во различни сообраќајки, а едниот се здобил со повреди во тепачка со друг малолетник, нотира денешниот полициски билтен.

Вчера, во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Хец Козјак се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.В.(63) од с.Батинци, скопско и мопед управуван од А.Д.(18) од с.Цветово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 13-годишен сопатник од мопедот, додека со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Тетово, во атарот на с.Ласкарци, скопско патничко возило „ауди“ со скопски регистарски, управувано од А.А.(33) од с.Сарај, скопско удрило во малолетен пешак од с.Ласкарци, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 08.07.2026 во 18:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат во с.Сенокос, гостиварско патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(31) од с.Топлица, гостиварско удрило во малолетен пешак од с.Сенокос. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 08.07.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје Ј.Г.(46) од с.Бојане, скопско пријави дека на 07.07.2026 околу 15:00 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, а употребил и предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.