Ги натепал татко си и сестра си – скопјанец дивеел дома
Седумдесет и едногодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот син, кој ја нападнал и неговата ќерка, а притоа оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом во скопската населба Центар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на денеска по полноќ, во 01:40 часот, а нападот се случил претходниот ден, околу 19:00 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.