Тумбе кафе полно гранати и бомби од Првата светска војна


Во средата, во 10:38 часот во СВР Битола од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, пријавено е дека на место викано Тумбе кафе (поранешна касарна) во Битола биле пронајдени бројни парчиња оружје.

Имено, најдени и безбедно подигнати се 540 парчиња минофрлачки гранати, 371 рачни бомби и 532 тромблонски гранати, сите од Првата светска војна.