Во сообраќајка кај Штип повредени 14 и 12 – годишник што возеле мотор
Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа во штипско вчера попладне. Се превзеувале со мопед без регистрација и се судриле со возило.
– На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-село Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, додека со телесни повреди неговиот 12-годишен сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од МВР за несреќата.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.