Тинејџер избол со нож 14-годишно момче во Сарај
Вознемирувачки инцидент се случил вчера меѓу тинејџери, овојпат во скопското село Сарај. Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако со нож избодело две години помало момче, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда“ соопшти ВР.
На 12.07.2026 околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.