Словенец уапсен во Прилеп: Го симнал општинското знаме и го запалил


Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска лишиле од слобода 43-годишен државјанин на Словенија.

Како што информираат од МВР, 43-годишниот Словенец го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп.

Од МВР додаваат дека инцидентот се случил во 01:05 часот пред зградата на Општина Прилеп.

„На 11.07.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија, бидејќи го извадил знамето на Општина Прилеп и го запалил“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.