Опожарена напуштена куќа во населбата Гази Баба
Напуштена куќа на улицата „127 бр.20“ во населба Гази Баба утринава е опожарена. Пожарот е изгаснат и нема повредени лица. Од Територијалната противпжарна единица на Град Скопје за МИА информираат дека во гаснењето на пожарот биле вклучени осум пожарникари и две противпожарни возила. Пожарот е пријавен во 9:25 часот.