Професор тепал ученичка во средно во Скопје


Во средата, во 18 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дополнително, полицискиот билтен нотира дека истиот ден во 12.47 часот П.З.(49) од Скопје пријавил дека околу 9.20 часот во средно училиште на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, неговата ќерка била нападната со тврд предмет од нејзина соученичка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.