На возач му се слошило, излетал од патот, констатирана смрт од Итната помош


Шеесетгодишник од тетовско Теарце починал додека управувал возило по што излетал од патот. Несреќата се случула утринава околу 6 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Слатино. -Во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај с.Слатино, патничко моторно возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно машко лице од с.Теарце, излетало надвор од […]

Се запалила викендица на семејството на Зечевиќ во Маврово


Се запалила викендица во село Леуново каде викендов бил генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Викендицата била во сопственост на мајката на Зечсвиќ, а пожарот го пријавил токму тој. Од МВР за Фокус официјално потврдиle дека рано утрово бил пријавен пожар. -Денеска наутро околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал […]

Во пожар изгоре маж во Крушеани


Пронајдено безживотно изгорено тело во куќа во општина Кривогаштани, информираат од полицијата. На 10.02.2023 во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција. При увидот, во една просторија пронајдено […]

Две сестри од Кавадарци осомничени за трговија со дрога, одреден им е куќен притвор


 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, осомничени дека се соизвршителки во кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот […]

Еден повреден во пожар во куќа во селото Пресил


Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека на ден 11.02.2023 година во период од 3.05 до 8 часот интервенирала на запалена куќа во с.Пресил, општина Крушево. Во гаснењето на пожарот интервенирале 8 пожарникари со 3 ПП возила. Во пожарот едно лице се здобило со телесни повреди и истото […]

Предложен притвор за сопственикот на порталот „Доказ м“


Скопското обвинителство денеска предложи мерка притвор за сопственик на портал, осомничен за четири дела, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци. По барање на ОЈО-Скопје, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка синоќа бил […]

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис


Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Северна Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно […]

Полицијата влезе во отпадите со половни возила – си работеле без регистрација


На 09.02.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, заедно со службеници од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа и Управата за јавни приходи, извршена е контрола на отпади на подрачјето на Скопје. При контролата, во отпад за половни возила на ул.„Качанички пат“ во […]

Запленети над 90.000 евра при претресот кај Марјан Стаменковски


Покрај документација и компјутерска опрема, при вчерашниот претрес во домот на Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“, била пронајдена и одземена поголема сума на пари. Поточно, како што неофицијално se дознава, биле запленети над 90.000 евра. Во соопштението на обвинителството се наведува дека биле пронајдени пари, но не се открива сумата.   -Освен за наведените кривични […]

Претрес во домот на сопственикот на порталот „Доказ“, запленети пари, компјутери, телефони


Поради сомнеж дека е сторител на кривични дела, по налог на скопското Јавното обвинителство, припадници на МВР вчера извршиле претрес во домот на сопственикот на порталот „ДоказМ“, објавија повеќе медиуми. Компјутери, телефони, пари. Ова се само дел од работите кои се запленети од домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“.  За сето ова, Обвинителството […]

Врховен суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“


Судечкиот совет на Одделот за казниви дела вчера на седница одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Шпиoн“. -Судечкиот совет на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудениот […]

Повторно се одложи судењето за „Лескарци“, вештакот не оздравел


  Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи. Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судечкиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде. Како што информираше […]

Со туѓа картичка си плаќал во хотели и ресторани за Нова година, потрошил 2.556 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“. Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски […]

Малолетно девојче физички нападнато во автобус број 57


Малолетно девојче е нападнато во автобус на ЈСП со број 57, но и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани. Според информациите од полицијата, нападнат бил и 32-годишен скопјанец кој се обидел да ја одбрани малолетничката. „На 07.02.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 12.30 часот во автобус бр.57 на […]

Детонација пред казино во Кисела Вода


Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода. Нема повредени лица, а нема ниту оштетувања на казиното и на околните објекти. Ова го соопшти МВР без да објави повеќе информации за инцидентот. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од […]

Скопјанка нападнала полицајци по спортски натпревар


Синоќа биле приведени две лица по спортски натпревар во салата „Јане Сандански“. – На 06.02.2023 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(50) и 19-годишната С.С., двајцата од Скопје, информира МВР. По завршување на спортски натпревар во салата „Јане Сандански“, М.С. се однесувал агресивно кон полициски службеници, а С.С. физички […]

Му изнудил 18.630 евра за да не објави срамни фотографии


Во понеделникот, во 19.50 часот во тетовска Мала Речица, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за економски криминал при СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Д.(33) од с.Голема Речица, тетовско и Ј.А.(60) од с.Пирок, тетовско. По преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023, З.Д. во неколку наврати изнудил вкупно […]

Судењето за „Ласкарци“ се одложи поради отсуство на вешто лице


Судењето за случајот „Ласкарци“ се одложи откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска не се појави вештото лице Зекирија Зекири. Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара […]

Во Кривичен нови рочишта за Зеќири, Бонева, Дерковски и случајот „Ласкарци“


Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта на кои ќе се судат случаите каде обвинети се експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, ексгенералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири, експретседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ќе се одржи и рочиште за случајот „Ласкарци“ каде обвинети се сопственикот и раководни лиц од „Дурмо турс“. На […]

Кривична за кичевчанка која на државно земјиште си изградила деловен објект


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Ќ.(41) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Таа, на пресекот на булеварот „Ослободување“ со улицата „11 Септември“ во Кичево, на државно земјиште неовластено изградила деловен објект со површина од околу 180 м2, што било констатирано и од овластен […]