Камион удри во три лица кои стоеле покрај автопат – еден загинат, возачот е во бегство


Фото: Б. Грданоски

Триесетгодишен маж загина кога во него удрил камион, по чијшто возач трага полицијата.

Мажот со уште две лица стоеле покрај паркинарно возило, кога кон нив влетал камион и ги удрил тројцата, јавува Макфакс.

Останатите се здобиле со повреди и биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец. Возачот побегнал.

Полицијата изврши увид.