Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација, материјалната штета околу 25 илјади евра


  Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје. Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се […]

Во Антверпен запленети рекордни 110 тони кокаин во 2022


  Белгиските власти заплениле рекордни 110 тони кокаин на пристаништето Антверпен во 2022 година. На прес-конференција во вторникот, белгискиот вицепремиер и министер за финансии Винсент Ван Петегем, заедно со холандскиот државен секретар за распределба и царина Аукје де Врис, дадоа детали за заплените на кокаин во Антверпен и холандското пристаниште Ротердам, кои заедно достигнаа 160 […]

СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српското МВР


 Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи.  Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.  -Секторот за внатрешни работи Тетово ги […]

Бугарското Обвинителство поведе истрага против македонски државјанин за шверц на марихуана


Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога. Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, […]

Овчар изгоре во оганот што го запалил за да се стопли


Трагичен случај во светиниколското село Стањевци – 72-годишен овчар изгорел во оганот што сам го запалил, објави СДК.мк. Имено, 72-годишниот Б. Н. од ова село ги пасел овците во блиските ливади и запалил оган, од којшто подоцна настрадал. Изгореното тело го пронашол неговиот син, кога го барал затоа што не се вратил ниту тој, ниту […]

Македонец украл четири автомобили во една вечер на хрватскиот остров Брач


Државјанин на Македонија, на возраст од 22 години, вечерта за православниот Божиќ, на 7 јануари, украл четири автомобили на хрватскиот остров Брач, соопшти полицијата. Според „Индекс“, уште вечерта бил фатен и уапсен, по што го пренеле во притворското одделение во полицијата на Брач. Младиот крадец однел три возила од селото Нережишќе и едно во градот […]

Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор


Полициски службеници во Гевгелија ноќеска го привеле М.С.(27), по кого била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија. М.С. бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната, соопшти МВР.

Свекрва натепала снаа, а татко својот син


  Во два одвоени инциденти свекрва натепала снаа во Велес, а татко си го натепал синот. Имено, во четвртокот во 11.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода К.Д.(46) од Велес, затоа што физички ја нападнала нејзината 23-годишна снаа. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Прилепчанец пак, […]

Пронајдена почината скопјанката Зојка која беше исчезната


Скопјанката Зојка Луковиќ на 31 декември се оддалечи од својот дом во Пинтија и нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа, алармирајќи ја полицијата и соседите со надеж дека ќе добие информација за судбината на својата мајка. Денес Министерството за внатрешни работи информираше дека таа е пронајдена почината во близина на манастирот „Св.Еремија“ во […]

Кавадарчани се степале со полицајци


На 06.01.2023 во 01.50 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода А.Т.(27), П.И.(33) и Д.М.(30), сите од Кавадарци, затоа што А.Т. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а П.И. и Д.М. агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на […]

Пожар во Градскиот трговски центар во Тетово


Попладево избувна пожар во еден локал на третиот кат од Градскиот трговски центар во Тетово. Се работи за локал кој е напуштен и не работи подолг период, вели за „Слободен печат“ еден сопственик на локал во трговскиот центар, но во него имало текстилни производи. Со брзата интервенција на пожарникарите од ТППЕ Тетово пожарот е ставен […]

Фрлена бомба во објект на булеварот „Гоце Делчев“ – нема повредени


Синоќа во 21:11 часот во Полициската станица Центар, 31-годишен скопјанец пријавил дека во неговата авто перална на булеварот „Гоце Делчев“, две лица со мотоцикл фрлиле направа која предизвикала експлозија. -На 05.01.2023 во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална […]

Турчин со лажен зелен картон се обидел да помине граница


Вчера во во 20 часот на Граничен премин „Стар Дојран”, полициски службеници го лишиле од слобода B.M.P.(52) од Република Турција, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 378 од Кривичниот законик. -При контрола било утврдено дека на преглед приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал, информира МВР. Лицето било спроведено во полициската […]

Приведен разбојник на Бит Пазар еден час по извршување на делото


Вчера околу 19 часот во близина на трговски центар на подрачје на Бит пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М. – Полициските службеници реагирале по претходна пријава околу 18 часот дека едно лице со закана со нож одзело пари од вработен во објект во трговскиот центар, информира МВР. Кај […]

Тинејџер од Штип украл возило на скопските клиники и се забил во бетонски столб


Тинејџер од Штип, на возраст од 19 години, доцна синоќа, украл автомобил во сопственост на мензата на скопските клиники и со него удрил во бетонски столб, соопшти полицијата. Младиот штипјанец е уапсен. „На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода […]

Фатена скопјанка што крадела по гостиварски дуќани


Во средата, околу 21.30 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 39-годишната Е.Ј. од Скопје, со времен престој во Гостивар. Таа се сомничи дека е инволвирана во разбојничка кражба пријавена на 31.12.2022 во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар. Таа била […]

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес вон животна опасност


  Дванаесетте повредени во несреќата што се случи попладнево кај велешка „Порцеланка“, при која возило моторна дрезина на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ удри во комбе со патници, се однесени во велешката болница и се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес. – Сите се задржани […]

Инцидентот во затворот Идризово за Нова Година, се степале две групи затвореници


  Да се расчисти инцидентот од 31 декември во затворот Идризово, кога полициски службеници одвојувале две групи затвореници што се степале, побара денеска на прес-конференција, претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев. Тој рече дека Независниот синдикат на полицијата, под кој спаѓа и Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, будно го следи […]

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе


Повредени се 10 патници во сообраќајна несреќа што се случила денеска напладне откако возило моторна дрезина на ЈП МЖ Инфраструктура  удрило во патничко комбе со 12 лица на патниот премин Порцеланка во Велес. -Денеска  во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода […]

Го удрил со автомобил, го усмртил и избегал


Во понеделникот,  во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото. А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје […]