Со возило усмрти човек, па излета од патот кај Катланово


Фото: Б. Грданоски

Во четвртокот, во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Петровец, скопско, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(61) од Скопје удрило во пешакот Д.В.(59) од с.Катланово, а потоа излегло од коловозот.

На местото на несреќата починала Д.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото Д.Т.(58) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.