Уште тројца каснати од кучиња скитници


Едно девочје и двајца повозрасни граѓани се каснати од кучиња скитници во изминатото деноноќите.  Вчера, во 15.35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник. Истиот ден,  во 12.35 часот, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево била касната од […]

Тројца каснати од бездомни кучиња


Во текот на вчерашниот ден, тројца од Скопје, Гостивар и Тетово пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња. Така, во 9.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник. Истиот ден, во 8.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на […]

Продолжува судењето за модуларната болница во Тетово


  Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжението на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе. На 16 јануари годинава немаше рочиште и судењето беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, економскиот директор на Клиничката болница Артан Етеми, кој имаше смртен случај. За продолжување […]

Кучиња скитници каснале три лица во Скопје


Вчера биле пријавени три случаи на каснувања од улични кучиња на различни локации во Скопје. Најпрво во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„474“ била касната од куче скитник. Потоа во 15.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ неговиот малолетен син бил […]

Четири малолетници нападнати со стаклени предмети во Драчево


Синоќа на подрачјето на Драчево се случила физичка пресметка меѓу осум лица. – На 28.01.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, четири малолетници биле физички нападнати од А.Б., А.Л., С.Л. и уште едно лице, кои употребиле и стаклени предмети, информира МВР. Се работи на расчистување […]

Кривична пријава против две физички лица и правно лице од Велика Британија за кривично дело „компјутерска измама“


СВР Штип соопшти дека поднела кривична пријава против две физички лица Ј.Т.С.(21) и A.A.A.(44) и правно лице од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале […]

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово, вели министерот Тупанчевски


  Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово., а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште […]

Четириесетгодишна скопјанка физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер


Четириесетгодишна скопјанка, вчера, во 20:30 часот во Полициска станица Центар, пријавила дека  по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М. Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 14:00 часот во парк на подрачјето на Центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Со закани одземени пари од вработени во бензинска и обложувалница во Скопје


Со закани биле одземени пари од вработени во бензинска пумпа и обложувалница во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во 03.10 часот утрово во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека на бензинска пумпа на подрачјето на оваа општина, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Во СВР Скопје вчера во […]

Човечки труп извлечен од водите на Вардар кај Долно Лисиче, Скопско


Во СВР Скопје, вчера, околу 12.44 часот, е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје. Како што соопшти МВР, од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје […]

Грчки државјанин починал во казино во Гевгелија


Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел, 67-годишниот Г.З. од Република Грција се струполил на подот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, појаснуваат од МВР. Увид […]

Девојка пријавила скопски таксист за недолично однесување


 Девојка од Кичево во полициската станица Аеродром пријавила таксист за недолично однесување, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во 04:33 часот вчера, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04:20 часот, додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира […]

Пешак загина во Скопје при удар од возило управувано од 18-годишно момчее


Скопјанецот Ш.Р.(71) загина синоќа, во сообраќајна несреќа, во Скопје, откако на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, во него удрило патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, Скопско, кој исто така, се здобил со повреди. Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена вчера […]

По тепачка меѓу затвореници во Идризово, полицаец нападнат со нож


Во текот на вчерашниот ден се случила физичка пресметка во затворот Идризово. – На 26.01.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 14.00 часот, настанала расправија помеѓу неколку осуденици, а по интервенција на затворски полицаец, осуденикот А.М. се обидел да го нападне со нож. Според пријавеното, затворските […]

Шумари дозволиле прилепчанец бесправно да си набере 167 м3 дрва


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.М.(70) и З.К.(64), двајцата од Кичево и против Т.Ј.(53) од кичевското село Другово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против А.Т.(36) од Кичево за сторено кривично дело „кражба“. Пријавените, вработени во Шумското претпријатие „Лопушник“, ја злоупотребиле својата службена положба […]

Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг зел кредит во негово име


Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг зел кредит во негово име, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.   – Вчера во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, кавадарчанецот Р.Л.(44) пријавил дека на 25 јануари добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање кредит. Според пријавеното, тој не аплицирал […]

Приведени пет лица од Велес и Tетово кои сексуално искористувале малолетничка


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на […]

Се самоуби човекот кој ја рани 25-годишната велешанка


Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес,пишува порталот Батали.нет. Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец. Сепак, човекот […]

Апелација потврди, велешанката Пале Иловска ослободена од вина за убиството на насилниот партнер


Велешанката Павлинка (Пале) Иловска, која лани со нож го усмрти својот насилен партнер, полицаец од Велес, и одговараше за кривично дело убиство во миг, е целосно ослободена од обвинението. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Скопскиот Апелационен суд денес ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Со оваа одлука, Илиовска, […]

Свирепо убиство: Се сретнале во ГТЦ, по што заминале во напуштен објект каде 20 пати го прободел со нож


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. – На 29 декември, во напуштен објект на […]