Две жени и една девојка каснати од бездомни кучиња


Фото: Б. Грданоски

Во текот на вчерашниот ден биле нападнати две жени и една девојка од улични кучиња во Скопје.

Во Полициската станица Бит Пазар вчера во 15:30 часот И.И.(23) од Скопје пријавила дека на ул. „Лазар Трповски“ била касната од куче скитник.

Потоа во Полициската станица Ѓорче Петров во 17:50 часот Б.М.(59) од Скопје пријавила дека на ул. „Лука Геров“ била касната од куче скитник.

Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Карпош М.Н.(40) од Скопје пријавила дека на ул. „Прашка“ била касната од куче скитник.