Скопјанец нападнат од роднина во Центар


Фото: Б. Грданоски

Вчера на подрачје на Центар се степале двајца роднини од Скопје.

– На 22.02.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, 76-годишен жител на Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од неговиот роднина Р.Г.(61) од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.