Уништени околу 1.400 килограми дрога и 270 парчиња оружје запленети минатата година


Околу 1.400 килограми различни видови дрога и околу 270 парчиња оружје запленети во текот на минатата година вечерва се уништени во кругот на фабриката „Макстил“.  Во рок од шест месеци ова е второ уништување на запленета дрога и оружје со што вкупно се уништени околу 12 тони разновидна дрога.   – Денешново, како и претходното уништување […]

Две возила изгореа во Скопје


Минатата ноќ во скопско Сингелиќ изгореа две возила. – На 20.02.2023 во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, скопско, настанал пожар во патничко возило „пежо“, сопственост на Е.Ј.(27) од с.Сингелиќ и патничко возило „бмв“, сопственост на С.Ј.(31) од с.Сингелиќ, информира МВР. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил […]

Закажано судењето за нападот врз Пендиков


Охридскиот Основен суд за 28 февруари го закажал првото рочиште против лицето кое е обвинето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди, објави „Телма“. Основното јавно обвинителство […]

Автомобили се судрија во Карпош, повредени четири лица


Две возила се судрија вчера во скопската општина Карош, пришто со повреди се здобија четири лица, од кои едно е тешко повредено. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на крстосницата од улиците Ацо Шопов и Фјодор Достоевски. „Во несреќата учествуваа „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(57) од Скопје и патничко моторно возило […]

Велешанец ѝ покажувал порнографски материјал на малолетничка


Полициски службеници од СВР Велес денеска го привеле Р.Б.(52), кој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје и пуштал фотографии со експлицитна содржина, соопшти МВР. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на […]

На ГП Богородица ги фатиле со пет килограми марихуана, едниот се обидел да побегне


  На граничниот премин Богородица полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од гевгелиското село Негорци и Н.И.(26) од Гевгелија. При царинска контрола во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу пет килограми марихуана. Како што информира МВР, Т.Ј. се обидел да побегне, […]

Приведен крадец баран по потерница, осуден на 20 години казна затвор


  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера на булеварот „Борис Трајковски“ го лишиле од слобода Т.Б. (36) од Штип кој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Според МВР, Т.Б. бил баран по централна потерница врз основа на […]

Ограбена обложувалница среде бел ден во Скопје


Спортска обложувалница вчера била ограбена среде бел ден. – На 16.02.2023 во 10.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Основен кривичен суд Скопје: Обвинувања на Бојан Јовановски се неосновани и манипулирање со јавноста


Основниот кривичен суд Скопје ги оценува како неосновани денешните обвинувања на осудениот Бојан Јовановски. Според судот, „се работи за манипулирање со јавноста, со Законот за кривична постапка и со уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и покојниот судија Огнен Ставрев“. – Најпрво, се работи за НЕ правосилно решение на […]

Бојан Јовановски: Врз мене се врши незапаметена тортура од Кривичен суд


Бојан Јовановски – Боки 1, кој доби 9 години затвор за случајот „Рекет“, се огласи со соопштение во кое тврди дека врз него се  врши „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“ од кој барал прекин на издржување на казната затвор поради влошена здравствена состојба од животно загрозувачки карактер. место тоа, како што […]

Возачите немаат трпение – се тепаат поради недоразбирања во сообраќајот


Во текот на вчерашниот ден се случиле две тепачки меѓу возачи на скопските улици. Најпрво во 11.15 часот во СВР Скопје, Б.Д.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Потоа во 15.00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(36) од Скопје пријавил дека околу 14.00 […]

Дојавата за бомби стигнала во 16 училишта во Скопје и две во Куманово


Денеска е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на девет професори од истите училиштата. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и […]

Судењето против Зеќири се одложува за 21 февруари


По добиено вештачење за здравствената состојба на Мухамед Зеќири, судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, кое беше закажано за 21 февруари ќе биде одложено, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје. – Ја информираме јавноста дека расправата се отповикува со оглед да е добиено вештачење изработено по наредба на судот од вештак – психијатар, според […]

Кумановец почина во пожар во неговата куќа


 Шеесет и деветгодишен кумановец починал откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција. Вчера во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. (69) од Куманово. – Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во […]

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


Во Основниот суд во Тетово, денеска од 10 часот продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница. На 31 јануари беше последното рочиште на кое беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговараа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои […]

Прилепчанец се расправал со помлади луѓе, па испукал двапати во земја


На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица  Прилеп го лишиле од слобода Р.М.(63) од Прилеп. Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, […]

70-годишен возач прегазил 86-годишен пешак во Виница


  70-годишен возач прегази 86-годишен пешак во Виница. На 14 февруари во Полициската станица Виница било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ и ул.„Маршал Тито“ во Виница, товарно возило „фиат добло“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Н.(70) од Виница удрило во пешакот С.Н.(86) од Виница.   Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила […]

Тројца малолетници и 19-годишник приведени откако со украдено возило удриле во полициски возила и повредиле тројца полицајци


Тројца малолетници и 19 годишник попладнево биле приведени во Мала Речица откако претходно со украдено возило не запреле на полициските наредби, по што оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полицајци. Четворицата млади луѓе на крај во Мала Речица удриле со нивното возило во бандера. -Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот и […]

Тело на машко лице извадено од Вардар кај Огњанци


Тело на машко лице било извадено синоќа од водите на Вардар кај селото Огњанци. Во СВР Скопје во 17:23 часот било пријавено дека во реката е забележано тело на машко лице. Телото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен […]

Претепаното и премрзнато дете во Велес не се сеќава на ништо


 Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на мандибулата или долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ. – Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден му […]