Дојавата за бомби стигнала во 16 училишта во Скопје и две во Куманово


Фото: Б. Грданоски

Денеска е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на девет професори од истите училиштата.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.