Престрелка кај Кале, неофицијално има жртви


Фото: Б. Грданоски

Пукање во угостителски објект на улица „Самоилова“ се случило вечерва околу 20.30 часот.

Во објектот наречен „Шиша бар“ во близина на Кале имало пукотници во кои, според неофицијални информации има две жртви и повредени лица.

Извори од лице место велат дека на терен се присутни голем број полициски екипи.

Се чека увидна екипа која треба да направи увид. Се претпоставува дека се работи за престрелка помеѓу две криминални банди, а жртвите се нивни членови.

MВР со детали за убиствата во Скопската чаршија