Полициска акција во Скопје, приведени дилери на дрога


Фото: Б. Грданоски

Во тек е голема полициска акција во Скопје при што приведена е поголема група улични дилери на дрога.

Според првичните информации, уапсени се дилери на амфетамин, а меѓу уапсените е и учителка во основно училиште.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре, по нејзиното завршување.