Три лица повредени во тешка сообраќајка кај Влада


Вчера се случила сообраќајна несреќа кај Влада во Скопје, при што со повреди се здобиле три лица.

– На 12.03.2023 во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Л.(22) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.З.(50) од Скопје, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.З. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле возачот М.Л. и уште еден сопатник од возилото „сеат ибица“, Л.Г.(22) од Скопје констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.