Во Аеродром ученик натепан од соученици во училница


На 10.03.2023 околу 15,15 часот во Полициска станица Аеродром П.С.(41) од Скопје пријавил дека околу 12,45 часот неговиот малолетен син додека бил во училница во училиште на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.