Тројца каснати од бездомни кучиња


Тројца, од Скопје и од Куманово, пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња.

На 13.03.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Чаир, Р.С.(60) од Куманово пријавил дека на ул.„Љуботенски пат“ бил каснат од куче скитник.

На 13.03.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.С.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 13.03.2023 во 22.40 часот во Полициската станица Центар, А.И.(45) од Скопје пријавил дека на бул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.