Eнергетската политика не се однесува само на производство на електрична енергија, вели Божиновска


„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања […]

Градење на деловниот интегритет преку јавно-приватната соработка е решение за борба против корупцијата


Францускиот фонд за борба против корупција (FLCC), во соработка со Амбасадата на Франција и М6 Едукативен центар, успешно го организираа Форумот за деловен интегритет, кој обедини високи претставници на Владата, бизнис заедницата, клучните институции, меѓународните организации, академската заедница и граѓанското општество со цел унапредување на дијалогот за интегритетот, транспарентноста, отчетноста и борбата против корупција. Под […]

Германски фармацевтски гигант купува американска компанија


Германскиот фармацевтски гигант Merck објави дека потпишал договор за купување на американската биотехнолошка компанија Bio-Techne за 11,3 милијарди долари, проширувајќи го својот бизнис во сегментот на лабораториска опрема. Со планираното преземање, Merck сака да го зајакне одделот за лабораториска опрема во брзорастечките сегменти како што се клеточната и генската терапија и прецизната дијагностика, се наведува […]

„Мајкрософт“ под истрага во Италија


Италијанскиот регулатор денес објави дека започнал истрага за да утврди дали „Мајкрософт“ соодветно ги информирал потрошувачите за промените во пакетот „Мајкрософт 365“, вклучително и вклучувањето на алатки за вештачка интелигенција што исто така подразбирало повисока цена за услугата. Производителот на Виндоус можеби не ги информирал потрошувачите доволно јасно дека услугата Мајкрософт 365 е интегрирана со […]

Амбасадорката Дрекслер го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово – пример за современа германска инвестиција и одржлив развој


Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети […]

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции


Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов”.  Говорејќи за зголемувањето на расходите со […]

Гувернерот на Банката на Англија: Довербата во вредноста на парите е темелот врз кој почива улогата на централните банки


Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност. Ова го истакнува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка […]

Вол Стрит: Дау Џонс порасна, „Епл“ го спушти „Насдак“


Берзанскиот индекс Насдак композит, падна во четврток, дури и по силниот извештај за заработка од „Микрон“ (Micron Technology), бидејќи трговците се повлекоа од клучните технолошки акции. Пазарот беше поделен, бидејќи компаниите кои не се занимаваат со вештачка интелигенција го кренаа индустрискиот просек Дау Џонс на нов рекорден максимум за време на дневното тргување. Насдак ослабе […]

Шефот за маркетинг на „Ферари“ поднесе оставка, јасно е зошто


Шефот за маркетинг на „Ферари“ поднесе оставка по 16 години во компанијата, само неколку недели по реакцијата околу лансирањето на првиот електричен автомобил на производителот на супер автомобили, „Луче“. Компанијата оваа недела објави дека Енрико Галиера ќе се повлече од функцијата главен директор за маркетинг и продажба. Тој ќе биде заменет во јули од поранешниот […]

Остар пад на цените на нафтата, трговците се фокусираат на перспективите за снабдување


Цените на нафтата продолжија да паѓаат во петокот, додека инвеститорите ги следеа случувањата во конфликтот на Блискиот Исток, проценувајќи дали неодамнешните дипломатски напори ќе го намалат ризикот од прекини во синџирот на снабдување, пренесува Сеебиз. Меѓународните референтни фјучерси за суровата нафта Брент за август паднаа за 2,03% на 73,73 долари за барел. Фјучерси за суровата […]

ЕУ воведува нови правила за правата на патниците во сите видови транспорт


Претставниците на Советот и Европскиот парламент постигнаа договор за нови правила за правата на патниците во сите видови транспорт, кои треба да обезбедат поефикасно спроведување и побрзо решавање на жалбите. По неодамнешниот договор за правата на патниците во воздушниот сообраќај, сега се договорени правила за нивните права за сите видови транспорт. „Правата на патниците во […]

„Тесла“ најави нови вработувања во фабриките во Германија


Американскиот производител на електрични возила Tesla денеска соопшти дека планира да вработи уште 1.000 работници во својата фабрика во близина на Берлин за да го зголеми производството во услови на зголемена побарувачка во Европа. Новиот бран на вработувања следи по најавата во април дека фабриката во Гринхајде ќе добие 1.000 нови работници до крајот на […]

УЈП: Рокот за плаќање на данок по Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 30 јуни 2026


Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година. УЈП информира дека секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати. За […]

ЕЦБ веројатно ќе мора дополнително да ги зголеми каматните стапки


Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, денеска навести дека институцијата најверојатно ќе продолжи со зголемување на клучните каматни стапки во обид да ја намали инфлацијата, откако на почетокот од овој месец ги зголеми по првпат од 2023 година како одговор на економските последици од војната со Иран. – За да […]

Митрески праша зошто 44 милиони евра не се префрлени во вториот пензиски столб. Димитриеска Кочоска: Прашањето не е за мене


Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на наодите од ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Митрески укажа на констатирано доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, и покрај тоа што, како што наведе, придонесите навремено се пресметуваат […]

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости


Новото раководство нема намера да ги игнорира или релативизира утврдените слабости. Ги прифаќаме наодите од Извештајот и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите состојби, велат од АД МЕПСО откако денеска Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на оваа компанија за 2024 година.  – За МЕПСО, ревизорскиот извештај претставува важен институционален механизам […]

Славески очекува банките да имаат разбирање за сентиментот на јавноста за висината на провизиите


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески се надева дека банките што најавија зголемување на провизиите ќе ги преиспитаат ваквите одлуки и ќе им излезат во пресрет на граѓаните.  На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Славески во одговор на прашање поставено од Јован Митрески од СДСМ, рече дека неговиот личен став е дека не постои […]

Македонија е убедливо најевтина во Европа. Но, зошто тоа не треба да радува


Од Исланд до Северна Македонија, потрошувачките цени драматично варираат низ Европа. Новите податоци на Евростат покажуваат каде секојдневните стоки и услуги чинат најмногу – и зошто самите цени не ја раскажуваат целата приказна, пишува „Еуроњус“. Истата потрошувачка кошничка може да чини речиси четири пати повеќе во зависност од тоа каде се наоѓате во Европа. Но, […]

Субвенциите за земјоделците: Што вели Мицкоски, а какви факти изнесува СДСМ


  Опозицискиот СДСМ денеска преку соопштение вели дека премиерот Христијан Мицкоски лаже за исплатените субвенции за земјоделците. Цитира негова изјава и потоа ги наведува официјалните податоци од Платежната агенција. СДСМ ја наведува изјавата на Мицкоски од 15 јуни 2026:  ,,Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ […]

Стапката на основна инфлација во САД достигна 3,4 отсто во мај, највисока од октомври 2023 година


Примарниот показател за цените на Федералните резерви се искачи на највисоко ниво од 2023 година, зајакнувајќи го неодамнешниот строг став на централната банка за инфлацијата. Со исклучок на храната и енергијата, индексот на цените на личните трошоци за потрошувачка покажа годишна стапка од 3,4 отсто откако се зголеми за 0,3% за месецот, и двете во […]