Хрватска ја укинува забраната за работа во недела за малите продавници, со услов


Во вториот квартал од 2026 година, хрватското Министерство за економски развој планира да го измени Законот за занаети, така што на семејните занаети во малопродажбата ќе им се овозможи да работат во недела без ограничувањата пропишани со Законот за трговија, кој забранува работа во недела, освен 16 недели годишно. Според планот на Министерството, промените би […]

Најбараното патување со воз во Турција: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки


Расте интересот за познатиот туристички воз на Турција, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи. Станува збор за ноќна сценска возна линија низ Источна Анадолија, која е особено атрактивна во зима, поради богатите снежни пејзажи […]

Пулската арена е домаќин на сè повеќе концерти, дали амфитеатарот е во опасност? Да се намалат басовите и камионите


Пулската арена во Хрватска, еден од најдобро зачуваните римски амфитеатри во светот, оваа година ќе биде домаќин на повеќе концерти од кога било досега. Иако јавниот повик за организација на настани ја отстрани одредбата за ограничување на бројот на концерти во текот на летната сезона на 10, Археолошкиот музеј на Истра, без да ја негира […]

Хрватска жупанија доделува награди од 400 и 100 евра за откажување од пушење


За да ги охрабри да водат здрав начин на живот и да се откажат од пушењето, Заводот за јавно здравје на Пожешко-Славонската жупанија ги покани пушачите да се пријават на натпреварот „Откажи се од пушење, заработи пари!“, на кој победникот ќе освои ваучер во вредност од 400 евра. Аплицирањето е отворено од понеделник, 9 февруари […]

Обвинителот на Хаг бара 45 години затвор за Тачи, Вејсели, Красниќи и Селими


  Во Специјалниот суд во Хаг започнаа завршните зборови во судскиот случај против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, поранешните претседатели на Собранието Кадри Вејсели и Јакуп Красниќи и поранешниот пратеник Реџеп Селими, пренесува Еуроњуз Албанија. Специјализираната обвинителка Кимберли Вест го започна својот говор велејќи дека Специјализираниот суд станал „функционално, успешно тело за релативно краток временски […]

„Епштајн синдром“ во Бугарија – сомнеж за педофилија, култ и убиства зад шест убиства


Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да биде поврзан со затворена заедница со елементи на култ и педофилија. Последните три тела – двајца мажи и едно 15-годишно момче – биле пронајдени во камп во близина на планината Околчица, […]

МВР на Србија до недела ќе врши засилена сообраќајна контрола на камионите и на автобусите


Од денеска до недела српското МВР ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси. Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во […]

Грција подготви модел за забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години


Грција подготви технички модел за целосна или делумна забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години. Европа внимателно го следи потегот. Европа внимателно го следи потегот на Грција, која се подготвува да стане предводник на построга европска политика за заштита на децата на интернет, со најави за ефективна забрана на користење социјални мрежи за […]

СНСД прогласи победа: Синиша Каран е новиот претседател на Република Српска


Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) ја објави победата на својот кандидат Синиша Каран на повторените предвремени избори за претседател на Република Српска (РС). Централната изборна комисија (ЦИК) сè уште не ја објавила првата пресметка на гласовите. Портпаролот на СНСД, Радован Ковачевиќ, вели дека им се заблагодарува и на граѓаните на Приједор кои овој пат гласаа […]

Во Бугарија убиени шест лица, можно е да се работи за секта


Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица поврзани со невладина организација за животна средина, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со секта. На почетокот на февруари, полицијата пријави убиство на три лица во планинска куќа во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во […]

Двојно повеќе Хрвати ја напуштиле Германија, поради кризата во автомобилската и градежната индустрија


Поради кризата во градежната и автомобилската индустрија, сè повеќе луѓе емигрираат од Германија. Меѓу нив има и Хрвати кои решиле да се вратат во својата татковина или да се преселат во друга земја. Новите податоци од Германскиот завод за статистика (Дестатис) го потврдуваат трендот на емиграција на Хрватите од Германија. Според официјалните податоци, нешто повеќе […]

Потрагата по работници започна: На Хрватска ѝ недостасуваат околу 65 илјади сезонски работници


Хрватска има недостиг од сезонски работници, па затоа работодавците ја започнуваат својата потрага сè порано и порано, а се проценува дека ќе им требаат околу 65 илјади оваа година. Ален Мрвац, специјалист за односи со јавноста во Alma Career Croatia/Moj posao, вели дека клучниот дел од процесот на регрутирање се одвива на почетокот на годината. […]

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица


Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ […]

Хрватскиот историчар Класиќ: „Томпсон е огледало на ХДЗ“


  Хрватскиот историчар Хрвое Класиќ го коментираше дочекот на ракометарите, освојувачи на бронзениот медал во Загреб и контроверзиите околу настапот на Марко Перковиќ Томпсон за телевизијата Н1, нагласувајќи дека целата ситуација се користи за политички цели. „Одговорот е сложен, но дозволете ми малку да се пошегувам – иако навистина нема да се шегувам“, започна Класиќ. […]

Масовно труење со олово на жителите на град во БиХ


Во општината Вареш во Босна и Херцеговина продолжува сериозната здравствена криза предизвикана од масовно труење со олово. Најновите резултати од тестирањето на повеќе од 100 жители потврдија дека труењето со тешки метали е многу пораспространето отколку што првично се претпоставуваше, пишува N1. Присуството на олово во крвта овој пат е утврдено не само кај жителите […]

Црна Гора ја укина неработната недела, се чека објава во „Службен весник“


Од денот на објавување на одлуката на Уставниот суд за укинување на неработната недела во „Службен весник“, зависи дали оваа или следната недела ќе биде првата работна недела во продавниците, за прв пат од средината на октомври 2019 година, јавија црногорските медиуми. На седницата одржана на 28 јануари, Уставниот суд на Црна Гора го укина […]

На хрватскиот туризам му недостасуваат 5.000 сезонски работници


Хрватските хотелиери проценуваат дека оваа година ќе им бидат потребни околу 5.000 сезонски работници повеќе отколку минатата година, што претставува зголемување од шест проценти. Интерна анкета на Хрватското здружение на работодавачи покажа дека околу 60 проценти од анкетираните компании очекуваат да им бидат потребни нови вработени, додека 40 проценти веруваат дека нема да им бидат […]

Вучевиќ: Очекувам да го видам Вучиќ на функцијата иден премиер на Србија


Поранешниот српски премиер и актуелен претседател на владејачката Српската напредна партија (СНС) и советник на претседателот на државата, Милош Вучевиќ, зборувајќи за претстојните парламентарни избори во Србија, изјави дека очекува претседателот Александар Вучиќ да биде иден премиер. „Не можам да кажам дека во секое време се согласував со сите негови потези, но се покажа дека […]

Уапсен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград


Српската полиција вечера приведе уште едно лице осомничено во случајот со нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград. Станува збор за М.А. (23), кој е осомничен дека му помагач во извршувањето на кривичното дело на С.М., кој беше уапсен вчера. Во вторникот утрото беше фрлена бомба врз куќата на Чолиќ на Дедиње […]

Бугарија влегла во Одборот за мир на Трамп поради „специјални прашања“


  Неочекуваното прифаќање на бугарската влада да влезе во Одборот за мир на Доналд Трамп полека се разјаснува. Премиерот Росен Жељасков го стави потписот на документот на Трамп поради „специјални прашања“ што Софија ги има со САД. Така барем тврди Радан Канев, европратеник од коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија. Канев објави дека претседателот […]