Лидерот на словенечката десничарска партија најавува референдуми за излегување од НАТО, ЕУ и СЗО


Лидерот на словенечката крајно десничарската антисистемска партија Ресница, Зоран Стевановиќ, изјави дека партијата поддржува распишување референдуми за излегување од НАТО, Светската здравствена организација и Европската Унија, но додаде дека верува оти граѓаните во Словенија најверојатно не би ги поддржале таквите одлуки.

Tој истакна дека Словенија има значително повеќе придобивки од членството во Европската Унија отколку загуби, но нагласи дека центарот на одлучување мора да се врати во Љубљана, а не во Брисел.

Излегувањето од Светската здравствена организација, како што наведе, било едно од предизборните ветувања на партијата, при што Стевановиќ порача дека Ресница ќе се обиде да ги исполни сите дадени ветувања.

Тој ги демантираше медиумските наводи дека неговиот избор бил прославен со руски знамиња пред зградата на парламентот, нагласувајќи дека тоа не е поврзано со неговата партија и дека станува збор за редовни собири на кои Ресница не учествува. Стевановиќ изјави дека не должи ништо на Социјалдемократската партија, која го поддржала во парламентот и порача дека ќе поддржи кандидат за премиер кој прв ќе обезбеди доволен број гласови и ќе го усогласи својот програм со програмата на неговата партија. Тој додаде дека при формирање влада нема да гледа политичка ориентација, туку исклучиво содржина, нагласувајќи дека поддршка ќе добие само влада која ќе ги намали даноците, ќе го подобри животниот стандард и ќе се обврзе на

Тој иѐсто така најави дека првите посети што му се планирани како носител на оваа функцијата се на Скопје, Копенхаген и на Москва.

„Веќе имаме планирано неколку посети, колку што знам, Скопје и Копенхаген се меѓу првите. Би сакал да градам мостови, да соработувам добро со сите земји, без оглед на ѕидот што беше изграден меѓу Западот и Истокот. Затоа планирам наскоро да ја посетам Москва“,изјави Стевановиќ за инстаграм-профилот на Радио Први.