Вучиќ најавува изработка и усвојување стратегија за роботизација во Војската на Србија


Фото: Б. Грданоски

 Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и Војската на Србија, изјави дека предложил усвојување стратегија за роботизација и формирање единица опремена со роботизирани платформи.

– Како врховен командант на Војската на Србија, предложив усвојување стратегија за роботизација, формирање единица на ниво на баталјон опремена со роботизирани платформи, спроведување организациски подготовки за формирање дивизија и баталјон што ќе управуваат дронови за напад со голем дострел, обука на специјални и извидувачки единици како и понатамошно опремување и обука за употреба на дронови во други единици“, изјави Вучиќ по состанокот.

Тој додаде дека безбедносната состојба е малку посложена отколку во јануари, првенствено поради акциите и понатамошните активности на воениот сојуз Загреб-Тирана-Приштина.

„Нашата посветеност на зачувување на мирот и стабилноста не се променила, а ние можеме да го зачуваме тоа само ако сме доволно силни, ако сме доволно моќни“.

Вучиќ најави во следните денови потпишување на големи договори за набавка на воена опрема.

Средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со највисокото раководство на МО и на Војската на Србија се одржа утрово во касарната „Бањица 2“ во Белград.

На состанокот присуствуваа министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, началникот на ГШ на Вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, како и членови на колегиумот на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот. На состанокот присуствуваа и од раководството на Република Српска.