Драма во Турција: Пукање во училиште, напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица


На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка.

Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици.

Турските медиуми наведуваат дека напаѓачот е поранешен ученик на училиштето и дека извршил самоубиство.

Локалните медиуми неколку моменти пред тоа објавија дека напаѓачот останал во училишната зграда по пукањето, како и дека држел некои од учениците како заложници, објавува „Дејли меил“.

Полицијата веднаш го блокираше поширокото подрачје и воведе строги безбедносни мерки, додека на терен беа испратени специјални полициски единици и тимови за итни случаи.

На социјалните мрежи и локалните медиуми се појави видео на кое се гледа како учениците панично бегаат од зградата во моментот кога започна пукањето, објавува „Телеграф“.