Словенечката влада усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години


Словенечката влада на денешната седница во Дравоград ја утврди рамката за подготовка на правната организација на користењето на социјалните мрежи за лица под 15 години. Според вицепремиерот Матеј Арчон, иницијативата е подготвена од Министерството за култура, а пред усвојувањето на законските одредби, за неа ќе се изјаснат и струката и  Министерството за дигитална трансформација. Арчон […]

Албанскиот премиер се сретна со папата Лав XiV во Ватикан


Албанскиот премиер Еди Рама, кој престојува во посета на Ватикан, денеска беше примен од папата Лав XIV.  Веднаш потоа во Државниот секретаријат на Светата столица имал средба со кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Ватикан и монсињор Пол Ричард Галагер. „Во срдечните разговори, беа истакнати постоечките добри односи меѓу Светата столица и Република Албанија и […]

Најбогатиот Црногорец има 7,9 милиони евра на сметка


Најголемиот депозит на црногорски граѓанин е 7,9 милиони евра, додека најголемиот депозит на поединец во црногорскиот банкарски систем, во сопственост на домашно правно лице, е 61,9 милиони евра. Според податоците што Централната банка ги достави до порталот Банкар, во моментов има 392 депозити во црногорските комерцијални банки чиј износ надминува 1 милион евра, а нивната […]

Европските социјалдемократи бараат ЕПП да го исклучи Јанша како „тројански коњ“ на Трамп


Социјалистите и социјалдемократите од ЕУ бараат од Европските народни партии да го исклучат од членство Јанез Јанша оценувајќи го како закана за демократијата на Европа, поради поврзаноста со крајно десничарските сили наклонети на Доналд Трамп, „кој се стреми да ја ослабне, потчини, па дури и да ја купи Европа“. Ираче Гарсија, лидерка на Групата на […]

Замрзнати сметките на претседателот на грчкиот синдикат на вработени во приватниот сектор поради истрага за проневера


Грчката управа за спречување перење пари ги замрзнала банкарските сметки на претседателот на Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), Јанис Панагопулос, и на уште шест лица и шест фирми поради наводна вмешаност во случај на проневера на средства од Грција и ЕУ наменети за образовни програми, во висина од 73 милиони евра, објавија грчките […]

Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8


Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8, објави денеска Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), оценувајќи дека Европа влегува во клучна фаза, каде што поврзаноста, стабилноста и регионалната интеграција стануваат фундаментални столбови на безбедноста и економскиот развој. „Во овој контекст, паневропскиот коридор 8, кој ги поврзува Јадранското со […]

Во 2025 година ЕБОР инвестирала повеќе од 800 милиони евра во Србија


Европската инвестициска банка (ЕБОР) соопшти дека инвестирала повеќе од 800 милиони евра во разни проекти во Србија во 2025 година, во рекордни 42 проекта при што 84 отсто од вкупните инвестиции биле насочени кон приватниот сектор, со посебен фокус на зајакнување на отпорноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП). Во текот на 2025 […]

Вака ќе изгледа граничниот премин Евзони откако ќе се модернизира


Архитектонска и енергетска надградба на постојните објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирање на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот на пасошката, царинската, фитосанитарната и на ветеринарната контрола, овозможување современи и ефикасни гранични услуги, побрз проток на патници и стоки, намалување на времето на чекање и усогласување со европските стандарди, предвидува проектот „Надградба на копнениот […]

Далмација погодена од циклон каков што не е виден со децении (видео)


Оркански јужен ветер и ненадејна плима ја претворија вечерта по централна Далмација во борба со морето кое ги надмина своите граници. Бреговите беа под вода, а брановите без двоумење влегуваа во куќите и деловните простории по должината на брегот. Најизразен беше во Трогир и сите седум Каштели, додека морето покри делови од брегот во сплитските […]

Уапсен е осомничен кој фрлил бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, се трага по уште едно лице


Белград – Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа доцна синоќа го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Медиумите во средата […]

Стотици жени снимени голи во бугарски салони за убавина. Снимките завршувале на порно сајтови


Бугарските обвинители започнаа кривична истрага откако стотици жени беа тајно снимени за време на интимни третмани за убавина во салони за убавина, а снимките биле дистрибуирани на порнографски веб-страници без нивно знаење или согласност. Жените биле снимени со скриени камери, честопати целосно голи, за време на ласерско отстранување на влакна и други процедури. Некои од […]

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година


Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија […]

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од […]

Земјоделците од цела Грција следната седмица ќе одржат дводневен протест во Атина


Протест на 13 и 14 февруари во Атина, со трактори и земјоделски возила, одлучија да одржат земјоделците од цела Грција на состанокот што попладнево се одржа кај месноста Никеа во близина на Лариса. Земјоделците, кои речиси два месеци, во декември и јануари беа на патиштата и граничните премини, преку протестот во Атина, сакаат уште еднаш […]

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од […]

Саудиска Арабија инвестира во соларни системи во Турција


Саудиска Арабија ќе инвестира две милијарди долари во инсталација на две соларни електрани во Турција со вкупен капацитет од 2.000 мегавати, објави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар. Турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар ​​и неговиот саудиски колега, принцот Абдулазиз бин Салман, потпишаа договор за инвестирање за време на посетата на турскиот претседател Таип Ердоган […]

Светски ден на борба против ракот – Највисока стапка на смртност во Србија од рак на белите дробови и на дојка


Малигните тумори сè уште се една од водечките причини за смрт во Србија, заедно со болестите на срцето и крвните садови и дијабетес. Во изминатата деценија, се забележува зголемување на стапката на новооткриени случаи, како и на стапката на смртност. Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ за 2024 година, […]

Во судир на бродови кај островот Хиос загинаа 14 мигранти


  Во судир меѓу брз брод што превезувал мигранти и патролен брод на грчката крајбрежна стража кај островот Хиос во источниот Егеј, загинаа најмалку 14 лица, соопшти крајбрежната стража. Во тек е операција за пребарување и спасување во која учествуваат четири патролни бродови, хеликоптер на воздухопловните сили и приватен брод што превезува нуркачи за потенцијално […]

Албанија заработила 2,2 милиони евра од изнајмување на запленет и конфискуван имот


Агенцијата за управување со запленет и конфискуван имот на Албанија објави дека приходите од изнајмување на запленет и конфискуван имот минатата година надминале 2,2 милиони евра што е повисок износ за 39 отсто споредено со 2024 година.  „Годишниот приход од кирија достигна околу 221,5 милиони леки (над 2.260.000 евра) во 2025 година, во споредба со […]

Почнува судењето против српскиот министер за култура во случајот „Генералштаб“


Судски процес против српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, заедно со уште тројца државни службеници, треба да почне денеска пред Специјалниот суд во Белград. Тој е обвинет за сочинување документ со лажна содржина преку низа незаконски дејствија што им послужиле на властите да ја отстранат заштитата на зградата на Генералштабот, оштетена во бомбардирањето на НАТО, […]