Академски пленум: Министерот за образование на Србија го зголемува притисокот врз факултетите со испраќање инспекции
Со најавите за инспекција на сите факултети, министерот за образование на Србија, Дејан Вук Станковиќ „само сака да изврши дополнителен притисок и да ги заплаши деканите, кои не се извршители на владини наредби“, објави неформалната мрежа Академски пленум. Во соопштението, тие оценија дека со најавата за инспекција на 250 високообразовни институции во државата, министерот за образование „продолжува со притисокот и репресија врз универзитетите во Србија“.
„Академскиот пленум смета дека министерот за образование и актуелната влада, со најавувањето на инспекција на сите факултети, само сакаат да извршат дополнителен притисок и да ги заплашат деканите, кои не се извршители на наредбите на оваа власт, со цел нивна смена, и да преземат целосна контрола врз сите факултети и да ја укинат автономијата на универзитетот“, оцени неформалната мрежа.
Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ вчера изјави дека образовна инспекција ќе ја провери безбедноста на 250 високообразовни институции во Србија по случајот во кој студентка на Филозофскиот факултет во Белград настрада откако падна од петтиот кат од зградата на институцијата.
На најавата за српскиот министер за образование реагираа со несогласувања и од српските опозициски партии.