Последни анкети пред изборите во Бугарија: Двоцифрена предност на Радев
На неколку дена пред изборите во Бугарија анкетите покажуваат дека коалицијата „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот претседател Румен Радев е пред голема победа. Анкетата на „Маркет линкс“ направена заедно со телевизијата бТВ од 7 до 14 април покажува дека „Прогресивна Бугарија“ е прва со 30,8 отсто. Втор е ГЕРБ со 18 проценти, по што следуваат коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) со 11,2, ДПС-Нов почеток – со 6,5 и Преродба со 4,2 отсто%. Ниедна од другите партии не е блиску до изборниот праг од 4 отсто.
„Очекуваме значително поголема излезност на гласачите. ‘Прогресивна Бугарија’ ги привлекува овие новодојденци во изборниот процес, бугарските граѓани“, коментираше социологот Добромир Живков од „Маркет линкс“ за бТВ.
Сè уште има 15 проценти од гласачите кои сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат на 19 април, истакна тој. Околу 90 отсто од оние кои досега се двоумеле се упатуваат кон Прогресивна Бугарија, рече социологот. Според Живков, динамиката е главно е кај коалицијата на Радев.
Според оваа анкета, на Радев ќе му треба коалициски партнер да формира влада. Ако овие резултати се пренесат и на гласањето в недела „Прогресивна Бугарија“ би имал 109 мандати, ГЕРБ 57, ПП-ДБ 37, ДПС 21 и Преродба 16. За мнозинство се потребни 121 пратеници.