Бугарска пропаганда без граници: Тито бил поголем џелат од Хитлер!
Бугарската пропаганда нема граници. Откако почнаа да и ја пишуваат историјата на Македонија, да ни ги критикуваат внатрешните состојби и да бараат отворање на досиеја за репресии во минатото, откако и се нафрлија на Србија со исти сценарија и закани, сега тргнаа во ширење на невистини за Јосип Броз Тито, место да ја расфетлат улогата на нивните дикатори во времето кога беа дел од Источниот блок и да ги прочистат институциите од кадрите на нивната тајна служба, што ги има насекаде.
Сега, БГНЕС промовира филм со наслов „Тито: Џелатот на 20 век“ во кој според нив се разбива митот за Југославија, државата која им ги осуети намерите да прават Голема Бугарија. Во рамките на овој пропаганден филм тврдат дека Тито бил полош од Хитлер и дека во негово време имало масакари, репресии од страна на тајните служби, масовни гробници на незакопани маченици, наводно од „крвавиот владетел Тито и неговите бандити“.
-46 години по смртта на диктаторот Јосип Броз Тито, светот продолжува да живее со лажниот мит за „хуманата слика“ на комунистичкиот режим во Југославија. Филмот на агенцијата БГНЕС „Тито: Џелатот на 20 век“ го разбива овој мит. Продукцијата е снимена во сите земји од поранешна Југославија. Филмот е, во голема мера, уникатен за Бугарија, за Балканот и за светот, бидејќи за прв пат малку познати настани од историјата се собрани во конзистентен наратив. Историчари, новинари и роднини на репресираните стоеја пред камерата, раскажувајќи ја истата приказна на различни јазици.
Масакри, репресии од страна на тајните служби, масовни гробници на непогребани маченици – ова е ужасното лице на Југославија, создадено од крвавиот негодник Тито и неговите бандити. Секако, вистината вешто ја криеше југословенската пропаганда со децении.
Поранешниот раководител на словенечките архиви Јоже Дежман изразува надеж дека отворањето на архивите на југословенската државна безбедност (УДБА) конечно ќе ја изнесе вистината на виделина. Словенечкиот новинар Роман Лељак рече дека Тито го надминал дури и Адолф Хитлер во својата суровост. Српскиот историчар Срѓан Цвековиќ вели дека обемот на злосторствата бил толку голем што би помислил дека Балканот, а не Германија, бил центар на геноцид.Филмот раскажува за настани што се случиле во последните години од Втората светска војна и веднаш по неа. Последиците од овие настани, сепак, сè уште ги оптоваруваат поранешните југословенски републики.Филмот ќе ги смени идеите на многу луѓе за вистинската природа на Југославија. Очекувајте ја премиерата на 5 јуни, го најавува овој филмски пропаганден материјал БГНЕС, кој самиот важи за медиум платформа на службите во Бугарија кој очигледно има пари да се расфрла со откривање историски вистини.