(Видео) По невремето, прогласена вонредна состојба на Халкидики


По невремето кое го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во кое загинаа шест странски туристи, а материјалната штета е огромна, грчката влада прогласи вонредна состојба. Околу 80 отсто од Халкидики, а особено првиот крак и мал дел од вториот останаа без струјa. Два високонапонски столба се урнале на подрачјето на каналот Неа Потидеа, а исто така […]

Во живо – Заев и Баздникин на пуштање во употреба безнинска пумпа


По повод отворањето на 31-та бензинска станица во земјава, денеска во населбата Ченто, во Скопје, ЛУКОИЛ Македонија ќе се обратат премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин и Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија. Бензинската станица е лоцирана на ул.„Методија Андонов Ченто“, нас. Ченто, на излезот од Скопје […]

(Фото+Видео) Невремето направи пустош во Преспа и Охридско


Силното невреме со дожд и ветер, што вчера попладне го зафати и охридското и преспанското крајбрежје, корнеше гранки и дрвја и уништуваше шатори и приколки во автокамповите во Ливадиште, Љубаништа и Свети Наум, како и во преспанското крајбрежје. За среќа, нема повредени. Од Центарот за управување со кризи, ЦУК, информираат дека од силното невремето уништен […]

Црвена проверка за сите што ќе сакаат да го чујат Заев


Владата подготвува нов протокол за безбедна комуникација по гафот со руските комичари, кои во неколку наврати разговараа со премиерот Зоран Заев претставувајќи му се како Петро Порошенко (довчерашен претседател на Украина) и Јенс Столтенберг (генерален секретар на НАТО). Документот е во фаза на подготовка, но стручњаците што се инволвирани во процесот објаснуваат дека ќе се […]

Во невреме на Халкидики загинаа шест лица


Грција – Во силното невреме што вечерва ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени в болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба. Грчките медиуми објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во […]

Скопје не очекува опструкции од Атина за датум наесен


Северна Македонија не очекува новата Влада на Грција да ја користи ЕУ за да издејствува одредени измени во Преспанскиот договор. Властите во Скопје сметаат дека станува збор за меѓудржавен договор со меѓународна гаранција што мора да се почитува. Претседателот Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не очекува пресврт од грчка страна во однос […]

Датумот на чекање, преговорите на готовс


И покрај неизвесноста што сè уште е присутна, Владата (за секој случај) ја утврди преговарачката структура за полноправно членство во ЕУ, додека се чека исходот од одложената одлука дали во октомври ќе биде одреден датум за почеток на преговорите. За таа цел, како што беше соопштено, се разгледува и начинот на вклучување на опозицијата и […]

Адеми: Имаме два целосно нови закона за образованието, на потег е Собранието


Министерот Арбер Адеми очекува конструктивна дебата во Собранието за Предлог-законот за основно образование и за Предлог законот за наставници и стручни соработници во основно и средно образование, кои вчера беа усвоени на седница на Влада. -Имаме два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем, сега е Собранието на потег.  Во интерес на времето, очекувам […]

Опозицијата бара избори, владејачките партии за заокружување на влезот во НАТО и добивање датум за ЕУ


ДУИ смета дека треба да биде заокружен процесот за влез во НАТО и добивање на датум за преговори и потоа следната година да се оди на евентуални предвремени парламентарни избори, СДСМ останува посветена на евроатланската интеграција, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите помали опозициски партии од албанскиот блок би оделе веднаш на предвремени парламентарни избори. Пратеникот […]

Шекеринска: Специјална војна, хибридни закани со цел да го загрозат нашиот пат кон НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по барање на новинарите да го коментира случајот на телефонските разговори на премиерот Зоран Заев со руските пранкери, денеска порача дека мора да се навикнеме оти во периодот зад нас и најверојатно во текот на следната година ќе бидеме цел на различни типови на хибридни, сајбер и друг тип на […]

СДСМ бара избор на членови на советите на МРТ и на АВМУ


Пратеничката група на СДСМ бара веднаш да биде закажана Комисијата за избори и именувања, што ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Пратеникот Костадин Костадинов изјави дека опозициската партија е кочничар на медиумските реформи и […]

Филипче: Платите на лекарите во примарните центри 30.000 денари, ќе се испитува, случајот во Дебар


Министерството за здравство ги проверува документите со вработувањето на лекарката во Дебарската болница, која била примена со договор на дело и примала плат од 15.000 денари, иако висината на платата требало да изнесува 30.000 денари, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче, пред почетокот на настанот за одбележување на Светскиот ден на населението, во организација […]

Рачна бомба во кафуле во Прилеп


Околу 12 часот пред кафуле во строгиот центарот на Прилеп под столица е поставена или фрлена рачна бомба се уште неексплодирана. Полицијата во моментот го обезбедува просторот, повикана е противпожарната единица известена е и се очекува да пристигне антитерористичка единица од Скопје. Се уште не се знае дали е оставена или фрлена рачната бомба.

Пендаровски во интервју за „N1“: Сите сме помалку разочарани


Знам дека Европската унија се бави сама со себе, но таа мора да знае дека ние на Балканот сме 30 години во транзиција и мораме да видиме светло на крајот од тунелот, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во интервју за Телевизијата N1, за време на неговото учество на Самитот на Процесот за […]

Нема стрелање и бесење, нема ни оставки


Министрите вчера седнаа во Влада на редовна седница за да ги разгледаат точките што им беа на дневен ред, но таму, според првичните неофицијални информации, не се најде аферата за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски околу тендерот на М-НАВ.. Премиерот Зоран Заев кој вчера на пладне излезе на прес – конференција за да ја […]

Мета за средбата со Пендаровски: Да ги здружиме напорите за отворање на преговорите


Шефот на албанската држава Илир Мета на својата официјална веб страница објави дека на вчерашната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски, разговарале за здружување на напорите на двете земји за отворање на преговорите со Европската унија во октомври. – Беше задоволство да се сретнам со претседателот на Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски. И двете наши […]

Шеги што не ја насмеаја „Илинденска“


Жртва сум на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации. Оставка не поднесувам, нема вина ниту во мојот тим. Наседнав на измамници, но ги застапував интересите на земјата. Делот со наводното мито за вселенскиот патријарх Вартоломеј е изваден од контекст. Доколку некоја од земјите или политичарите што се спомнати во […]

Амбасада на Русија: Не коментираме шеги на комичари


Амбасадата на Руската федерација во Скопје не сака да го коментира разговорот на руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров со премиерот Зоран Заев, кој наседна на нивната измама и помисли оти од другата страна на линијата се довчерашниот украински претседател Петар Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Амбасадата не коментира активности на […]

Владата донела 14 одлуки за разрешувања, се разгледуваат уште најмалку десет


Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата, а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. – Не е само да се разрешува, туку треба и да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме […]

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди


Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешното пленарно заседание. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе го потврди мандатот на Точи како нова пратеничка. Точи беше на листата на тогашната коалиција на […]