Милан Тоциновски за бркотницата во „Лептокарија“: Им дадов забелешки за услугата, па ме нападнаа


Актерот Милан Тоциновски – Сако за Плусинфо ја раскажа својата страна за вчерашната бркотница во трговскито центар „Лептокарија“. На снимката која се појави на „Фесјбук“ документирана од човек кој сведочел на настанот се гледа како две лица, маж и жена, персонал од кинески ресторан со сатар го бркаа актерот.

Тоциновски вели дека не е точно дека причината била неплатена сметка, туку тој воопшто и не нарачал храна.

Забелешки дал за високите цени, како и тоа дека премногу се чека за услугата, а станува збор за ресторан за брза храна.

-Јас сум јавна личност и нема што да кријам за тоа што се случи вчера во таканаречениот кинески ресторан во ТЦ „Лептокарија“. Навистина не знам кој им дал дозвола за работа на тие луѓе. Живеев во Њујорк, а сум работел и во Токио и точно знам какви се цените, но и услугата во кинеските ресторани. Откако, вработените ми наговестија дека ќе треба да чекам, како муштерија забележав дека премноу се чека со оглед на тоа што станува збор за ресторан за брза храна и дека е прескапо, не нарачав храна и трнав да си одам. Тие мои забелешки беа повод да почнат да ме напаѓаат прво веррбално, а потоа и физички двајца вработени во ресторанот, од кои една жена и со сатар да ме бркаат по трговскиот центар. Тоа впрочем, може да се види и на постираното видео – вели актерот Тоциновски за Плусинфо.

Тој по настанот, случајот го пријавил и во полиција.

Тоциновски е познат по улогите во македонските филмови „Како убив светец“, „Превртено“, како и во „Трето полувреме“.