Анѓушев: Ниту една наша компанија нема да биде спречена да го носи предзнакот македонски


На ниту една компанија од Северна Македонија нема да и биде ускратено да го носи предзнакот македонски, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител, осврнувајќи се на Договорот од Преспа во контекст на смената на власта во Грција и доаѓањето на Владата на Кирјакос Мицотакис на политичката сцена во јужниот […]

Американската амбасадорка Брнс го виде Охрид: Почнав да учам за вашата културна историја


Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс веднаш по преземањето на новата должност, дојде и на отварањето на 59. „Охридско лето“ завчера на Античкиот театар. Таа викендов успеа да ги види и убавините на Охрид, да проба од локалните специјалитети и покрај Охридско езеро да оствари средба и со премиерот Заев. Во видео обраќање пред […]

Граѓанските асоцијации реагираат: Бадинтер да не одлучува за дивоградбите во Охрид


Граѓанските организации сметаат дека предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата. „Им укажуваме на предлагачите на Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Предлог-законот), акој требаше да влезе во собраниска процедура оваа […]

Мицкоски: Потребни се итни избори, контактирам со Ахмети


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште еднаш повтори дека опозицијата е под политички терор од страна на власта. Во интервју за „Алсат“, тој спомена неколку случаи во кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле „жртва на политичкиот прогон“, но партијата е спремна овој притисок да го издржи. Мицкоски напомена и неколку корупциски и криминални скандали во […]

Вучиќ и Србија се рушат преку авто-салон во Скопје?


Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеци и маскиран во претставништво на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје, работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија. „Секое […]

Врти рингишпилот за СЈО: Проблемот е во Катица, во членот 105 или не го бива законот?


Премиерот Зоран Заев најави дека статусот на Специјалното јавно обвинителство мора да се реши до крајот на месецот без оглед дали ќе има договор со ВМРО-ДПМНЕ. Од најголемата опозициска партија велат дека за кратко време ќе го довршат и објават новиот предлог-закон за Јавно обвинителство. Министерството за правда, пак, прво ќе го види, па ќе […]

(Галерија)„Охридско лето“: Ванеса Меј и дивоградбите како „диво месо“


Со концертот на британската ѕвезда, виолинистката Ванеса Меј, заедно со Македонската филхармонија и со уметници од Националната опера и балет, сношти беше отворено 59. „Охридско лето“. Во Античкиот театар во Охрид, претседателот на државата Стево Пендаровски, пред илјадната публика, гостите, уметниците и политичкиот врв на земјата, ветувајќи дека како држава ќе направиме сè да го […]

Македонски туристи во Халкидики: Не се исплашија од невремето, туку од струјата и од водата


Халкидики полека се враќа во нормала по катастрофалното невреме во средата што одзеде седум животи и нанесе огромна материјална штета на полуостровот. Најголемиот дел од местата по крајбрежјето меѓу Солун и Халкидики, како и на краците Касандра и Ситонија, сè уште се без вода. Продолжува и расчистувањето на патиштата. Службите ги санираат штетите, работат деноноќно […]

Заев-Бернс: Северна Македонија останува стабилен стратешки парнер на САД


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Бернс. Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес-служба, се согласија дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, фокусиран на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките […]

Заев: Имаме добри шанси за одлука за полноправно членство во НАТО во декември


Имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој изрази благодарност до Турција и Чешка, кои вчера ја завршија ратификацијата на Протоколот за членство, изразувајќи уверување дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила […]

Засега нема договор за лидерска средба за СЈО, пописот и Изборниот законик


Засега нема договор за лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за трите теми – Специјалното јавно обвинителство, пописот и Изборниот законик, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Нивните кабинети се во контакт и очекува дека во скоро време ќе биде договорена средба. – Опозицијата или другите партиципиенти ако имаат и други теми јас сум […]

Во Украина ќе патуваме без визи


Денеска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук, потпишаа Спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји. Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и […]

Невремето ги „обра“ јаболката во Преспа


Стравотна е глетката во Преспанскиот Регион по невремето што во средата вечерта за само половина час предизвика пустош. Град, дожд и силен ветер корнеа дрвја, уништија овоштарници, носеа покриви на куќи и направија штети на плажите во Долна Преспа. Најдраматично завчеравечер било во автокампот Крани, кој по долга зачмаеност пред неколку години беше обновен, а […]

Жешко музичко лето: Концертите од Скопје се селат низ Македонија


Каде ќе одите овој викенд? На свадба, на класична музика, на журка или на Фестивал на трубите? Се одржуваат четири културни и поп-настани кои од Скопје се селат низ Македонија: Тоа се Галичката свадба во с. Галичник, на планината Бистра, на отворање на „Охридско лето“ , на „Д-фестивал“ во Дојран и на Фестивалот на трубите […]

Вмровците се спасуваат, партијата се жали


Само што беше донесен во Кривичниот суд, вчера затворската полиција пак го врати во затворот во Шутка поранешниот министер Миле Јанакиески бидејќи рочиштето за „Топлик“ беше одложено. За овој случај заедно со Јанакиески обвинет е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а двајцата се во притвор за најновата истрага што ја отвори […]

Турција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Народното собрание на Република Турција вечерва го ратификуваше протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. – Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim!, објави вечерва на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Ратификацијата на Протоколот ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното […]

Фон дер Лајен: Северна Македонија е светол пример


Кандидатката за претседател на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на претставувањето пред политичките фракции во Европскиот парламент ја пофали Северна Македонија како светол пример. Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, порача кандидатката за претседател на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за време на […]

Се проценуваат штетите од невремето во Преспа, се работи на оспособување на мрежата за струја и за вода


Силното невреме во Преспа го уништи родот на овошките, а Владата презема мерки за санирање на штетите, оспособување на мрежата за електрична енергија, со што ќе се врати и водата во чешмите, најавија денеска при посетата на уништениот регион министрите за внатрешни работи и за земјоделство, Оливер Спасовски и Трајан Димковски. Министрите рекоа дека владините […]

Опозицијата сè уште владее со МРТ


– Ќе предложиме законски решенија со кои МРТ од партиски билтен ќе ја трансформираме во професионален сервис на сите граѓани и во силен идентитетски столб на државата – стои меѓу другото во делот насловен „Слободни медиуми“ во програмата на Владата, која беше објавена кога СДСМ го презеде кормилото на „Илинденска“. Оттогаш поминаа повеќе од две […]

Македонските туристи остануваат на Халкидики, нема поголеми откажувања на аранжманите


Со македонските туристите кои се на одмор во регионот Халкидики што беше зафатен од силно невреме се контактира и им се нуди помош, но досега нема такви пријави, ниту пак поголеми откажувања на туристичките аранжмани, велат за МИА дел од туристичките агенции од државава. Од туристичката агенција „Атлантис“ изјавија дека досега не добиле повик за […]