Вилма Русковска предложена за шефица на новото СЈО


Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска  ќе им стане шефица и на обвинителите од постојното Специјално обвинителство.

Ова го предвидува новиот предлог закон за Јавно обвинителство, кој како што објави премиерот Зоран Заев идната недела ќе го предадат во Собранието.

Според новиот предлог закон, Специјалното јавно обвинителство ќе се инкорпорира со постојното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се нарекува Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Сите обвинители и целиот тим на сегашното СЈО преминува во новото Обвинителство и токму тоа ќе ги застапува досегашните предмети на СЈО.

Оваа одлука на Владата следува откако опозицијата ја одби нејзината покана за лидерска средба и по оставката на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и отворањето на истрагата „Рекет“.