Хан на средби со Заев, Мицкоски и Пендаровски на 25 јули во Скопје


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на 25 јули ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија од Европската Комисија за МИА.

Агендата на посетата сѐ уште не е позната, но засега потврдени се овие три средби на кои ќе се разговара за реформите поврзани со ЕУ и ЕУ перспективата на земјата, велат од ЕК.

Хан од Скопје истиот ден ќе замине за Белград каде треба да се сретне со претседателот и со премиерот. На агендата во Србија се ЕУ реформите и регионалните прашања, соопштија од Европската Комисија.