Поп- ѕвездата Тамара со децата позира за „Бекутан“: Нежно уште од првиот допир


Децата Хана (3) и Дарен (7 месеци) ѝ се центарот на нејзиниот универзум. Нема интервју со поп-ѕвездата Тамара Тодевска (34) за нејзината кариера, а да не го спомне семејството, потесното и поширокото, и нивната поддршка во сите убави но и стресни моменти.

Тамара со пријателите е несериозна, ама со децата е многу сериозна. Сега потпораснаа, разбираат сè, и Хана и Дарен со сините очи се „плукнати“ на тато Александар.

И кога не е со нив, заради професионални обврски и патувања, тие се тука, не ги вади од уста, и гостуваат во спотови или во објавите на социјалните мрежи.

– За време на Евросонг, нашиот успех немаше да биде возможен без поддршката на мојот сопруг и моето семејство и нивната љубов. Навистина беше тешко да се балансира приватното и професионалното тие месеци, но некако успеавме. Без нивната несебична помош, ништо од ова немаше да биде возможно. Сега повеќе од кога било верувам дека човек не може да успее сам – изјави Тамара.

Сега поп-ѕвездата и нејзините деца станаа дел од уште едно славно семејство кое повеќе од четири децении се грижи за нашето здравје и нега.

Тамара, Хана и Дарен позираат во нежната фотосесија на „Алкалоид“, обоена во сино, бело и розово, како амбалажата на колекцијата  „бекутан“ со која растеа и мирисаа на чисто многу генерации од целиот регион.

Договарана е уште пред Евросонг и пред да се породи пејачката со синот, кога беше заштитно лице за италијанскиот бренд за накит „Ребека“ кој отсега може да се купи и во Македонија. Откако Дарен потпорасна, фотосесијата можеше да се реализира.

– Бев почестена што со моите деца сум дел од приказната за „бекутан“. Мирисот на „бекутан“ секогаш ме навраќа во моето детство. Тоа е мирис кој симболизира безгрижност, детски лудории, насмевки, но и спомени што ме изградија мене како личност. Еден вид временска машина што нè враќа во мигови на бескрајна среќа и љубов. Токму такви моменти на бескрајна среќа и љубов доживувам и денес гледајќи ги моите деца. Знам дека не можам да ги заштитам од сите работи што ќе ги донесе животот, но во исто време „бекутан“ ќе биде секогаш тука да нè потсетува на нашите заеднички среќни мигови – ни изјави Тамара ексклузивно за нејзиниот нов манекенски ангажман.

– Нежно уште од првиот допир. Стотици бакнежи на ден… најискрени насмевки што му даваат смисла на животот. Тие се центарот на нашиот универзум. Сите наши одлуки се водени од безусловната љубов и од желбата да им го дадеме најдоброто. Повеќе од 4 децении заедно уживаме во миговите на блискост и во прегратките полни со топлина и нежност – е слоганот за класикот меѓу македонската козметика – „бекутан“ но и на семејствата во Македонија и пошироко.

Лејла Сабит