Заев го смени телефонскиот број, ќе брка и соработници


  Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите, соопшти службата за однос со јавноста на Владата. „Во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво […]

Вработени во УБК фатени со марихуана


Полицијата привела двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и против нив покренала дисциплинска постапка откако, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кај нив пронашла марихуана завчера при преглед на возилото во кое патувале на ул. „Козле“ во Скопје. – Завчера околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле […]

Ново СЈО, со нова шефица


Наместо дебата во Клубот на пратеници за статусот на Специјалното јавно обвинителство, премиерот Зоран Заев ја откажа вчера лидерската средба и најави нов закон за јавното обвинителство со кој е опфатено и обвинитеството преку кое сега се прекршува скандалот наречен „Rекет“. Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, остана до крај на ставот да не присуствува […]

Чомовски: Нејасно е зошто Камчев се исплашил од Боки 13


Новинарот Александар Чомовски, кој работеше во 1ТВ, прозборе за ситуацијата во која се наоѓа оваа телевизија. Откако менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, е во притвор како првоосомничен во случајот „Рекет“, расте интересот во јавноста што ќе се случува со телевизијата и новинарите кои таму работат. Гостувајќи во радиото Канал 77, Чомовски рече дека не знаел […]

Со Михаил Корубин во ателје: Слободата ми е тука, во Скопје


Њујорк пред Скопје ја виде уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, насликана на 15 мегаформати, платна работени во масло и акрилна техника на талентираниот уметник Михаил Корубин (33), од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин. Сега на ред е родниот град да […]

Случај „Рекет“: Ловот на пратеници е неизвесен


Дали ќе биде проширена истрагата за случајот „Рекет“ или единствени осомничени за рекетарската мрежа ќе останат менаџерот на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец е главното прашање што се поставува по отворањето на оваа истрага која ја шокираше јавноста. Засега Јавното обвинителство е многу претпазливо, ги анализира доказите што ги има […]

Мета високо ги оцени проевропските ставови на Пендаровски и Заев


Албанскиот претседател Илир Мета коментирајќи ја состојбата во неговата земја, високо ги оцени проевропските ставови на неговиот колега претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во надминување на одредени прашања. – Треба да имаме корист од позитивниот момент што Северна Македонија го постигна со Преспанскиот договор. Многу важно и за Албанија […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го анализира решението за СЈО, а за Русковска велат дека била желба на Заев


ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе го добие, ќе го анализира предлогот за ново законско решение за јавното обвинителство што го најави премиерот Зоран Заев. Опозициската партија исто така од старт гледа со резерва на предлогот на Заев – новото обвинтелство за гонење организиран криминал и висока корупција да раководи обвинителката Вилма Русковска. -Не можеме ништо да коментираме […]

Хан на средби со Заев, Мицкоски и Пендаровски на 25 јули во Скопје


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на 25 јули ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија од Европската Комисија за МИА. Агендата на посетата сѐ уште не е позната, но засега потврдени се овие три средби на кои […]

Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада. -Оставката е неотповиклива, рече Харадинај. Харадинај, на прес-конференција, рече дека не може да се појави пред Специјалниот суд во Хаг како шеф на владата, туку како државјанин на земјата кој ја чува честа на шефот на владата и државата. Тој […]

Анѓушев: До крајот на 2020 година просечната плата во државата ќе биде 30.000 денари


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата. -Просечната нето плата во државата за мај 2019 година е 25,270 денари и  е […]

Законот за новото СЈО следната недела пред Парламентот


Следната недела во Собранието ќе биде предложен нов текст на законот за Јавно обвинителство, во кој се вградени оние точки со кои е разговарано со опозицијата и со сите пратенички групи и кои се прифатливи за сите, ако не за најголемиот број пратеници. Ова го соопшти денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, појаснувајќи […]

Вилма Русковска предложена за шефица на новото СЈО


Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска  ќе им стане шефица и на обвинителите од постојното Специјално обвинителство. Ова го предвидува новиот предлог закон за Јавно обвинителство, кој како што објави премиерот Зоран Заев идната недела ќе го предадат во Собранието. Според новиот предлог закон, Специјалното јавно обвинителство ќе се […]

Пендаровски: Вистинското место за лидерска е кај шефот на државата


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски смета дека вистинското место за лидерската средба е кај шефот на државата. -Не би сакал да ја поткопувам иницијативата на премиерот за лидерска средба за важни прашања, сепак сметам дека вистинското место за лидерската средба е кај претседателот на државата, вели Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа. […]

Влада: Откажана лидерската средба, одбиваме партиски ултиматуми и блокада на напредокот на земјата


Владата на Република Северна Македонија денеска преку соопштение информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. Владата, се додава, одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации […]

Холандскиот амбасадор Воутер Пломп за „Независен“: СЈО треба да остане, а тој што се огрешил да одговара


Холандскиот амбасадор Воутер Пломп си заминува од земјава бидејќи му заврши четиригодишниот мандат. Во интервју за „Независен весник“, тој нагласува оти секој што се огрешил пред законите – мора да одговара, алудирајќи на последните случувања околу СЈО, но институцијата мора да продолжи да работи. Тој смета дека предвремените избори не се решение за моменталната политичка […]

Старите партнери на „Илинденска“ повторно на иста маса


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари завчера прва средба со новата амбасадорка на САД во Скопје, Кејт Брнс. Ако се суди според штурото соопштение што го испратија од ВМРО-ДПМНЕ потоа, средбата била повеќе протоколарна, по што Мицкоски веројатно не почувствувал потреба да го смени ставот во однос на денешната лидерска средба, која премиерот Зоран Заев […]

Катица Јанева се разболе и ја снема – никој не ја следи


Никој не знае каде е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ниту една институција не го следи нејзиното движење. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не побарало никакви мерки за Јанева бидејќи сè уште собира докази кои треба да го дадат клучниот одговор – дали специјалната јавна обвинителка е злоупотребена или вмешана во рекетарскиот […]

Пратеничката Калеска-Ванчева нов координатор на Форумот на жени на СДСМ


Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, а комплетиран е и раководниот кадар на партиските комисии како стручни тела, на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата. – СДСМ покажа дека има капацитет перманентно да се менува во интерес на граѓаните на забрзување на […]

На Заев не му се седнува без Мицкоски: Откажана лидерската средба


Лидерската средба закажана за денеска (петок) во Клубот на пратениците е откажана, објавија повеќе медиуми во земјава повикувајќи се на извори во СДСМ. Претседателот на партијата, Зоран Заев ги информирал сопартијците на вечерашната седница на Централниот одбор дека нема логика да се седнува само со Али Ахмети и со Зијадин Села доколку го нема Христијан […]