Двајцата повредени рудари се во стабилна состојба


Двајцата повредени рудари од рудникот за олово и цинк, поранешна Тораница кои беа пренесени во општата болница во Куманово се во стабилна состојба, со полесни телесни повреди, хоспитализирани се на одделението за хирургија и ќе останат на опсервација, потврдија синоќа од оваа јавна здравствена установа.

Директорката на болницата, Снежана Захариева, изјави дека двајцата рудари се надвор од животна опасност.

– И двајцата се во стабилна состојба, со оглед на тоа што имало експлозија со голем притисок што може да доведе до оштетување на долните респираторни патишта и на ушното тапанче кај рударите се направени прегледи од страна на специјалисти по интерни болести и специјалист по уво нос и грло, не се констатирани повреди, направени им се лабараториски испитувања кои се уредни, изјави Захариева.

Двајцата рудари ќе останат на хируршкото одделение во кумановската болница, а ќе им биде направена и компјутерска томографија.