Приведен државјанин на Белгија на ГП Табановце

На граничниот премин Табановце вчера на влез во државата е приведен државјанин на Белгија, кој се барал по потерница од Интерпол.

МВР денеска соопшти дека на ГП Табановце за влез во Република Северна Македонија вчера во 14,40 часот се пријавил А. С. (43) од Скопје, државјанин на Белгија.

– При пасошката контрола е констатирано дека се бара по потерница од Интерпол. Лицето е приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.