Приведени двајца цариници за поткуп


Двајца царински службеници од граничниот премин Табановце се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Осомничени се за примање поткуп.

СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност – Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапувало по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ „примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце.

– На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП Табановце при влез во Република Северна Македонија, по што од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од село Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци, потврдуваат за МИА од МВР.