Кругот се стеснува околу Јанева: Фелата се чуди што третиот човек е на слобода


Второто продолжение од снимките што ги објави италијанските весник „Ла верита“ за случајот „Рекет“ го донесе и гласот на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева. Додека бизнисменот Орце Камчев ноншалантно разговара со Бојан Јовановски и со Зоран Милески околу начинот на кој што им ги спакувал еврата, му текнува да побара потврда и од „жената“ …

Кругот се стеснува околу Јанева: Фелата се чуди што третиот човек е на слобода Read More »

Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески вечерва од истражниот затвор „Скопје“ е спроведен во домашен притвор. Неговиот адвокат Еленко Миланов за Сител потврдил дека притворот му е заменет со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30-дневниот притвор. Јанакиески беше приведен на 29 …

Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор Read More »

Тимоние: „Рекет“ треба итно да се расчисти


Случајот „Рекет“ заслужува итна реакција на надлежните и сигурен сум дека ќе видиме напредок, вели францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние во интервју за ТВ 24. – Треба да се преземат сите потребни постапки во најкраток можен рок, да се види дека се води веродостојна истрага која не прави дистинкција за тоа колку се високи …

Тимоние: „Рекет“ треба итно да се расчисти Read More »

Заев: Истрагата мора да ги открие сите детали и секој да одговара за своите постапки


Премиерот Зоран Заев попладнево преку Фејсбук порача дека мора да се расчистат случаите за кои се води истрага и секој да одговара за тоа што го сторил. – Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда, напиша Заев на својот Фејсбук профил по објавувањето на снимките во …

Заев: Истрагата мора да ги открие сите детали и секој да одговара за своите постапки Read More »

Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат повикани за „Рекет“


Јавниот обвинител Љубомир Јовески вели дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ . -Обвинителството заради доверливоста на постапката, не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени. Обвинителството уште при отворањето на истрагата има …

Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат повикани за „Рекет“ Read More »

Обвинителство: Нема врска што сме на одмор, го работиме „Рекет“


Основното јавно обвинителство тврди дека без оглед што главните обвинители се на одмор додека случајот „Рекет“ е пред експлозија, истрагата си терала без проблеми. Од таму тврдат дека работат плански и уверуваат оти сите ќе дојдат на ред, како контрааргумент на прашњата на јавноста зошто досега специјалната обвинителката Катица Јанева не е повикана на распит, …

Обвинителство: Нема врска што сме на одмор, го работиме „Рекет“ Read More »

Стефанова: Камчев и Панделески се обидоа да влијаат врз предистрагата


Лиле Стефанова, јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, по објавувањето на снимки поврзани со случајот „рекет“, по кој излегоа многу шпекулации, денеска, во пишана изјава објаснува што се случувало. Еве ја изјавата на Стефанова: „Како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број на шпекулации, …

Стефанова: Камчев и Панделески се обидоа да влијаат врз предистрагата Read More »

Катица Јанева: За изјавата имаше оправдана причина


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по објавувањето на видеата поврзани со случајот „Рекет“, денеска со официјална изјава. Изјавата ви ја пренесуваме во целост: „Ја слушнав снимката, објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот „Рекет“. Фрапирана сум како моите постапки како Специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“. Како Специјален …

Катица Јанева: За изјавата имаше оправдана причина Read More »

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде распитан. Во изјава за „Независен весник“, тој вели дека истрагата работи на обезбедување докази, по што ќе нема поштеда за никого. „Како што е познато, во тек е истражната постапка за овој случај. Истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да …

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани Read More »

(ВИДЕО) Објавена втората „бомба“ во италијанскиот весник – „Случајот ја тресе владата во Скопје“


Под наслов „Случајот ја тресе владата во Скопје“, изутринава на страниците на италијанскиот весник, „Ла верита“ (вистина) објавен е нов материјал во врска со случајот „Поткуп“. Во него најпрвин се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Орце Камчев во кој Бојан бара објаснување зошто парите се во апоени од по 50 евра, а не повеќе, …

(ВИДЕО) Објавена втората „бомба“ во италијанскиот весник – „Случајот ја тресе владата во Скопје“ Read More »

Ана Кондратенко за „Независен“: Го одбив Карерас зашто убаво ми е во Скопје


Ана Кондратенко 15 години е прва виолина или концерт-мајстор на Македонската филхармонија. Исклучителен музичар со став, атрактивна дама со волшебни зелено-сини очи, сопруга на врвен музичар и мајка на три деца. Дел од музичките критики за Ана Кондратенко ќе кажат дека е таа „виолинистка со фуриозен штрих“… која создава „музика како од оној свет“. Добитничка …

Ана Кондратенко за „Независен“: Го одбив Карерас зашто убаво ми е во Скопје Read More »

Усеини: Ако нема селективност, јас сам ќе ја урнам мојата тераса што не е дивоградба


Дивоградби во Охрид се градат години наназад. Тие 1401 дивоградба не се од лани, туку станува збор за објекти што се градени десетици години наназад. Нека почне уривањето на дивоградбите, но на сите објекти, неселективно, а мојата пицерија, за која тврдам дека не е цврста градба туку монтажен објект сам ќе го урнам. Ова денеска …

Усеини: Ако нема селективност, јас сам ќе ја урнам мојата тераса што не е дивоградба Read More »

Шекеринска: Прво борба со криминалот, па избори


Опозицијата десет пати ќе зборува за избори, само да го избегне клучниот предизвик како да обезбедиме сите да одговараат за криминал и да се донесе законот за јавното обвинителство, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на  новинарското прашање за став за терминот на парламентарните избори, при денешната посета на прилепски „Еурокомпозит“. Според неа, …

Шекеринска: Прво борба со криминалот, па избори Read More »

Алијанса за Албанците: Обвинител од ЕУ поради слуачите како „Рекет“


Партијата Алијанса за Албанците во соопшнтие до јавноста го повтори барање во државата да има обвинител од Европска унија како излез од ќорсокакот во правниот систем, а по повод видео-материјалот објавен на социјалните мрежи поврзан со случајот „Рекет“. -Бараме, под итно да се превземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот и да …

Алијанса за Албанците: Обвинител од ЕУ поради слуачите како „Рекет“ Read More »

„Ла Верита“ и Гајсер блиски до опозицијата, критичари на власта


Италијанскиот весник „Ла Верита“ кој денеска ја објави снимката со Бојан Јвановски, Зоран Милески и Јордан Камчев, во изминатите неколку години важи за медиум близок до сегашната опозиција во земјата, пишува Дојче веле. – „Ла Верита“ беше првиот странски медиум кој пред еден месец информираше за „бомбата“ објавена на руски мрежи, а во која генералниот …

„Ла Верита“ и Гајсер блиски до опозицијата, критичари на власта Read More »

Италијанскиот новинар домаќин на Иванов


Ларис Гејзер, новинарот што го објави видеото со Орце Камчев, е и политички активист и познаник на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов. Иванов беше чест гостин на конференциите и состаноците на таканаречената Паневропска унија (составена главно од преставници на конзервативните партии во Европа), а на една таква средба во Австрија, што ја организирал Гејзер, направиле и …

Италијанскиот новинар домаќин на Иванов Read More »

СЈО: Снимката за „Рекет“ потврдува дека нема конекција со нашите предлози за притвор


Во врска со снимката поврзана со случајот „Рекет“ која што ја пренесоа повеќе медиуми, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) соопшти дека со неа „недвосмислено се потврдува дека нема конекција помеѓу изреченото на снимката и предлозите кои што се носени од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на …

СЈО: Снимката за „Рекет“ потврдува дека нема конекција со нашите предлози за притвор Read More »

ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на половно возило


Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го поздравува донесувањето на новиот Закон за возила со кој се предвидуваат субвенции за набавка на возила со повисоки еколошки стандарди, но не гледа потреба од субвенционирање на набавката на половни возила. -Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата …

ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на половно возило Read More »

Јовески за „Независен“: Снимката не е излезена од Обвинителството


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески тврди дека денешната снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“, на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекле од Обвинителството. „Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески …

Јовески за „Независен“: Снимката не е излезена од Обвинителството Read More »

„Рекет“ : Објавено видео како Боки 13 и Кичеец ги земаат парите од Камчев


По македонските портали се објавуваат дел од снимките за „Рекет“ каде најбогатиот Македонец, бизнисменот Орце Камчев му исплаќа пари на Боки 13 и Зоки Кичеец. Видео снимката од Зоран Милески Кичеец и од Бојан Јовановски, и снимен телефонски разговор меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски прв ја објави италијанскиот медиум „ЛаВерита“, а потоа беше преземена …

„Рекет“ : Објавено видео како Боки 13 и Кичеец ги земаат парите од Камчев Read More »