Јовески за „Независен“: Снимката не е излезена од Обвинителството

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески тврди дека денешната снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“, на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекле од Обвинителството.

„Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески во кусата порака до „Независен весник“.

Тој, како и обвинителката што го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска во моментов се надвор од државата поради користење годишен одмор.

На видео – снимката се споменува и името на шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, која, според Боки 13 е гарантот за слободата на Камчев во случајот „Империја“. И Јанева во моментов користи годишен одмор и е надвор од државата. (Г.А.)