„Рекет“ : Објавено видео како Боки 13 и Кичеец ги земаат парите од Камчев

По македонските портали се објавуваат дел од снимките за „Рекет“ каде најбогатиот Македонец, бизнисменот Орце Камчев му исплаќа пари на Боки 13 и Зоки Кичеец.

Видео снимката од Зоран Милески Кичеец и од Бојан Јовановски, и снимен телефонски разговор меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски прв ја објави италијанскиот медиум „ЛаВерита“, а потоа беше преземена од македонските портали.

-Најдоговорно тврдам дека на ниту еден начин, ниту свесно, ниту несвесно, ниту  со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов се уште ја извршувам и јавно ги охрабрувам правосудните органи да ги расчистат сите околности за случајот „Рекет“.

Ова на прес-конференција во СЈО го изнесе обвинителката во оставка Катица Јанева.

-Точно е дека многу лица од јавниот и политичкиот живот се познаваме со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ  и дека на дневна основа комуницира со лицето, кое е осомничено, но тоа не значи дека некој стекнал право да ја користи мојата службена  должност за да остварува привилегии и незаконити дејства, рече Јанева и додаде дека очекува транспарентна постапка за да се стави крај на сите информации, со кои како што рече, „некој се обидува да им нашетети на мојот углед и чест“.