Италијанскиот новинар домаќин на Иванов


Ларис Гејзер, новинарот што го објави видеото со Орце Камчев, е и политички активист и познаник на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Иванов беше чест гостин на конференциите и состаноците на таканаречената Паневропска унија (составена главно од преставници на конзервативните партии во Европа), а на една таква средба во Австрија, што ја организирал Гејзер, направиле и заедничка фотографија.  Инаку, Гејзер е Словенец од Италија и го  предводел  Паневропското движење на Словенија.