Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески вечерва од истражниот затвор „Скопје“ е спроведен во домашен притвор.

Неговиот адвокат Еленко Миланов за Сител потврдил дека притворот му е заменет со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30-дневниот притвор.
Јанакиески беше приведен на 29 јуни по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал, заедно со уште неколку лица, поради соменение за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, случај познат како „Шпански скали”.

Јанакиески, покрај за продажбата на државното земјиште, е осомничен или обвинет и во неколку предмети на СЈО, како и за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.